Ознака: езеро

По Охридското езеро ќе плови катамаран на сончев погон

Post Views: 0 Промовиран првиот патнички катамаран на сончев погон во Охрид.  Станува збор за брод  со електрични мотори , кои се напојуваат  од сончевата  енергија. Еколошко и безшумно пловно средство, иделано за  економичен и безбеден  превоз на Охридското езеро. Првите три вакви катамарани на Балканот веќе се ставени  во функција на Млетските езера во Хрватска.  „Бродот на иднината  подразбира брод кој има нулта емисија на штетни гасови, брод кој се полни преку вклучување во струја на копно,  но и преку соларните панели кои се вградени на покривот на бродот, што овозожува голема...

Continue reading

АД ЕСМ изврши порибување на Охридското Езеро со подмладок јагула

Post Views: 11 АД ЕСМ изврши порибување на Охридското Езеро со 29.421 парчиња подмладок на јагула од сортата „Европска јагула“, со вкупна тежина од 865 килограми, со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот екосистем на езерото. За набавка на подмладокот на јагулата распишан е тендер согласно законските прописи, во вредност од 7 милиони денари, при што се запазени сите процедури за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото, соопштија од АД ЕСМ. Порибувањето на езерото беше одложено поради тоа што фирмата „Ново рибарство“ на самото...

Continue reading

СЕ ЧИСТИ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И КРАЈБРЕЖЈЕ ОД ОТПАД

Post Views: 4 Активностите за справување со цврст отпад се од суштинско значење за заштита на животната средина и градење поздрава иднина за сите нас. Ова беше истакнато на почетокот на акцијата за чистење на Охридското Езеро и крајбрежје, поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, како дел од акцијата „Чисто како дома исто“. Градоначалникот, Константин Георгиевски кој даде директна поддршка и заедно со нуркачите од клубот за подводни дејности „Охрид“ нурна во езерските води од каде се вадеше отпад , непосредно пред почетокот на акцијата во изјава...

Continue reading

Седиментите земени од дното на Охридското Езеро зборуваат за климатска историја од еден милион години

Post Views: 8 После проектот за вадење на примероци од дното на Охридското езеро, најстарото езеро во Европа, проект кој започна од 2013 година , научниците извадија примероци кои во себе содржат климатска историја стара еден милион години. Утвредена е прецизно неговата старост од 1,3 милиони години, но откриен е јасен увид во климатските и геолошките промени во регионов милиони години наназад. Временскиот ток сокриен во седиментните примероци од Охридското Езеро на научниците им откри единствена врска помеѓу медитеранската клима и Африканските монсуни. Научниците почнаа со истражување...

Continue reading

eko pateka

Нарушена границата меѓу езерото и тлото во Струга

Post Views: 1   Нарушена границата помеѓу езерото и тлото. Урбанизацијата на езерскиот брег од струшката страна на Охридското Езеро ништо не е подобра од онаа на охридскиот појас тврдат струшките екологисти. Берат Села претседателот на ЕД „Натура кажува дека поради се позачестената изградба на градежни објекти во крајбрежниот појас, на потегот од Женска плажа до Калишта, направиле траса која претставува гранична линија помеѓу езерото и тлото и според нивните укажувања истата не треба да се поминува. „Ние имавме едно такво лошо искуство ние бевме и против концесиите што ги издаде...

Continue reading

СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ИЗДВОЕНИ СРЕДСТВА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И ДОГРАДБА НА КОЛЕКТОРОТ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Post Views: 0 Со ребалансот на Буџетот за 2019 година Владата на Република Северна Македонија ќе издвои, 183 милиони денари за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно потребите за УНЕСКО и природните потреби за заштита на Охридското Езеро. На почетокот на ова лето премиерот Зоран Заев најави реконструкција и доградбата на колекторскиот систем. За таа цел е формирано државното претпријатие „Колектор“. На крајот од годинава треба да започне санацијата на колекторскиот систем во Охрид. Од владата ветија дека ќе се поправат сите пумптни и пречистителни станици, со...

Continue reading

Охридски угостители против уривањето на платформите во езеро

Post Views: 2 Охридските угостители против уривањето на платформите во езеро.  Велат немаат штетно влијание врз природата, а  општината, иако се дивоградби треба да изнајде начин да им ги легализира. Своето барање го правдаат  со тоа што плаќаат даноци,  закуп, комунална и урбана такса и имаат вработени. Рушење на атрактивни тераси,  каде гостите уживаат во неповторлив амбиент покрај синото езеро ќе предизвика непроценлива  штета врз туризмот и економијата, вели еден од најстарите угостители во Охрид Љупчо Патчев. „Да се урнат платформите тоа е  сосема погрешна политика за градот...

Continue reading

Потона педалинка во Охридско езеро на 30 метри од брегот, избегната трагедија

Post Views: 5 Проблемот со педалинките повторно актуелен, откако и ова лето се случи инцидент во водите на Охридското езеро. Од Секторот за внатрешни работи од Охрид информираа дека на 31.08.2019 во 14.15 часот во СВР Охрид, А.С.(21) од Гостивар пријавил дека околу 13.10 часот, педалинката која заедно со Х.Д.(21) и А.Б.(20) од Гостивар, ја изнајмиле на плажа и со која се возеле по езерото на оддалеченост на околу 30 метри од брегот, почнала да се полни со вода и да тоне. Двете лица успеале да испливаат на брегот, а пријавителот со помош на лица од соседна педалинка излегол на брегот....

Continue reading

Русинот Амбросимов и бразилката Чуна триумфираа на 10 километарската трка која денеска се одржа во Охридското езеро

Post Views: 23 Русинот Кирил Амбросимов и бразилката Марсела Чуна триумфираа на 10 километарската трка која денеска се одржа во водите на Охридското езеро. Во оваа 7ма по ред трка во рамки на ФИНА светската серија 2019 година учествуваа 16 пливачи кои ја претставуваат светската пливачка елита во моментов. На целта во машка конкуренција втор пристигна победникот на „големиот маратон“ во Охрид Аксел Рејмонд од Франција  атрет беше Матео Фурлан од Италија.  Во женска конкуренција втора беше Рашел Бруни а трета Ариана Бриди и двете од Италија. Охрид прв пат во својата историја е домаќин...

Continue reading

mrezi

Пронајдени и одземени рибарски мрежи и 28 парчиња Охридска белвица

Post Views: 7 На 19-ти овој месец, во близина на населбата Калишта на струшкото крајбрежје, на околу 300 метри од брегот на езерото, биле пронајдени четири несоодветно обележани рибарски мрежи со должина од по 50 метри кои немале соодветен жиг од Државниот инспекторат за земјоделие. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица. По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта, пронашла уште дванаесет рибарски...

Continue reading

Никнува ли нова депонија, овој пат на дното на Охридското Езеро?

Post Views: 4 Неодамна нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ од водите на Охридското Езеро извадија када, што впрочем беше само дел од пообемното количество градежен шут кој несовесни граѓани го фрлиле во водите на езерото. Откако ја извадија од езерото, кадата сеуште стои на плажата Сараиште во центарот на Охрид и чека да биде подигната. Викендов членот на нуркачкит центар „Акватек“ Никола Паскали извади и вреќа со плочки која уште мината година минатата година беше лоцирана исто така во езерските води.

Continue reading

Охридското езеро останува без концесионер

Post Views: 0 Охридското езеро останува без концесионер. Постапката за избор на концесионер која ја спроведува комисија формирана од владата, составена од членови од повеќе министертсва, сеуште не е завршена. Kомисијата ги евалуирала комплетните понуди и спровела електронска аукција по која доставила предлог за избор за понудувач кој понудил највисок концесиски надоместок. Но, поради направен наводен превид, веќе има поднесено жалба до второстепената комисија, која пак е надлежна да одлучи по истата, а потоа да даде насоки за натамошно постапување со донесување на решение. „Се надевам...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top