Ознака: езеро

Нивото на водата во Охридското езеро и натаму под просекот за февруари

Post Views: 14 Според најновите неделни и дневни мерења на УХМР водата на Охридското Езеро е на кота од 693,33 м.н.в што е за 8 сантиметри под просекот за месецов (693,42 м.н.в). Споредено со минатата недела езерското ниво се зголемило за три сантиметри. Температурата на езерската вода е 7,5 степени. Значително под месечниот просек се и нивоата на реките Црн Дрим и Сатеска.

Continue reading

Се враќа ракот во Охридското Езеро

Post Views: 7 Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови колинии на слатководен рак во водите на Охридското езеро. Станува збор за редок вид. Од „Акватек“ информираат дека колониите се откриени на 10 метри длабочина. Овие прастари жители на Охридското Езеро пред три децении беа на раб на исчезнување поради чума која беснеела во сите слатки води низ цела Европа. Најраспространет е Европскиот слатководен рак Astakus astakus, кој може да се сретне насекаде во Охридското Езеро. Овој рак преферира меко дно со малку песок. Тој копа тунели на...

Continue reading

Одземена концесијата на фирмата “Летница Белвица“ за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро

Post Views: 3 Одземена концесијата за стопанисување со рибниот фонд во Охридското Езеро на фирмата “Летница Белвица“. Концесионерот  го прекршил Законот и договорот за концесија  по неколку основи поради што на вчерашната седница на влада се донесе одлука за раскинување на договорот, кажа денеска во Охрид министерот  земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.Во само неколку месеци од добивањето на концесијата до МЗШВ стигнале низата реакции од рибари, граѓани и од медиумите за работењето на концесионерот поради што во декември минатата година  Државниот инспекторат...

Continue reading

Петар Рупески годинашниот фаќач на Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро

Post Views: 7 Петар Рупески кој вчера беше најсреќниот меѓу неколку стотините верници кои скокаа по Чесниот крст, денес уште еднаш се нурна во ладните води на Охридското езеро, одбележувајќи го со тоа Денот на рибарите. Тоа е традиција која се негува со децении наназад и која воопшто не била прекината, дури и во онај период кога фрлањето на крстот било забрането. Досетливите охриѓани водите ги осветувале на денешниот ден под изговор дека тоа го прават бидејќи завршува забраната за риболов. Рупески е пресреќен што е еден од продолжувачите на оваа прекрасна традиција и иако светиот...

Continue reading

Формиран Меѓудржавен Комитет за заштита на Охридското Езеро под Унеско

Post Views: 1 За да се одржи статусот на Охридскиот басен како дел од културното и природно Светско наследство под Унеско од двете страни на езерото се формира Меѓудржавен Комитет за заштита, помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.  Едмонд Адеми, претседателот на Националниот комитет на Унеско, кажа дека во иднина двете земји ќе имаат обврски и задачи во процесот на менаџирање на сите активности кои се однесуваат на Охридскиот регион. „Сите одлуки ќе се носат со консензус било да станува збор за рибниот фонд, заштитата на културното и природното наследство или други...

Continue reading

Охридското Езеро не смее да претставува отпад за дотраени пловила

Post Views: 1 Усогласување на домашната со европската регулатива за внатрешна пловидба е еден од најважните приоритети оваа година на Капетанија на Пристаништата на Македонија. Секојдневно работиме на текстови и идеите кои треба да се имплментираат во Правилникот и Законот за да се доближиме до европските правила во пловидбата , вели Горан Устијаноски капетанот на Капетанија на Пристаништата на Македонија. „Огромен е проблемот со неприменливост на некои европски правила врз фактичката ситуација во која сега ние функционираме. Мора да има поголема прагматичност и да се решаваат работите...

Continue reading

Скуба дедо мразовци го чистеа дното на Охридско Езеро

Post Views: 3 Викендов во Охрид нуркачите од клубот „Акватек“ спроведоа подводна еколошки активности на делови од дното на Охридското езеро. Членовите на нуркачкиот клуб облечени како дедомразовци од езерото извадија гуми од автомобили и камиони, лименки од пијалоци и пластични шишиња, кои ги лоцираа при нивните предходни рутински нуркања. „Целта на оваа еко-акција е да ги заокружиме нашите подводни активности за годинава што изминува. Дополнително, сакаме да упатиме порака до сите наши сограѓани за подигнување на еколошката свест бидејќи заслужуваме чисто езеро, не само за нас, туку...

Continue reading

„Армада“,нов брод во Охридското Езеро

Post Views: 26 Охридското Езеро ќе го крстари уште еден брод. „Армада“ е брод кој е увезен од Унгарија кој годинава е целосно реновиран по најновите европски регулативи за безбедност на патниците во внатрешна пловидба. Идеата на сопствениците да набават брод им тлеела одамна, но сега се создале услови за тоа. На него се инсталирани два нови мотори кои ги исполнуваат последните еко регулативи. Бродот „Армада“ ќе плови во текот на целата година. Покрај редовните крстарења до Св.Наум, ќе нуди и кратки дневни и ноќни крстарења, а ќе биде достапен и за сите кои сакаат да организираат приватни...

Continue reading

Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста

Post Views: 0 Тајните на дното на Охридското езеро набрзо пред очите на јавноста. Привршува монатажата на документарецот за кој инсертите се снимени при пренуркувањето на езерото од страна на меѓународниот нуркачки иструктор Милутин Секуловски. Тој пред четири години заедно со негови колеги од Охрид, Дубровник и од Албанија ја реализира оваа несекојдневна мисија и пренурка 84 километри од Албанска и Македонска страна на езерото. Направи голем број подводни фотографии, како и снимање и позиционирање на места од интерес на научната јавност. Снимени се толку материјали што можат да се...

Continue reading

Охридското Езеро и неговите демони

Post Views: 0 Најголемиот проблем со кој се соочува Охридското Езеро е урбанизацијата, којашто навлегува во природните реткости кои се строго заштитени, нагласуваат екологистите од охридско – струшкиот регион. Вчера во организација на Центарот на заедницата Струга се одржа панел дискусија на тема „Охридскот Езеро и неговите демони“. Како што нагласи Дејан Паноски, екологистите сметаат дека сите автохтони работи, трската, блатото, езерската линија и целиот жив свет треба да се сочуваат. „Политиката на туризмот во овој регион треба да се концентрира токму на искористувањето на природните...

Continue reading

Алтернативна тура „Најубавиот поглед на Охридско езеро“

Post Views: 2 Сакате ли да го видите Охрид од висина и да го доживеете најубавото зајдисонце движејќи се по Галичица? “ТреккМе Охрид” во рамки на проектот „Капацитет и иновација на туристичките услуги за одржлив локален економски развој – Нов пристап преку развој на алтернативни туристички атракции“, имплементиран од FINANCE THINK – Институт за економски истражувања и политики, Скопје, во партнерство со Универзитет Американ Колеџ Скопје ќе реализира една од 12 тури за алтернативен туризам насловена како „Најубавиот поглед на Охридско езеро“, утре ,11-ти октомври. Крајната...

Continue reading

Струшката фирма „Летница- Белвица“ и официјално е новиот концесионер на Охридското езеро

Post Views: 12 „Подобро е да има концесионер кој ќе воведе ред. Инспекторите ќе имаат контрола. Ќе излезат на терен ќе направат увид.  Од  информациите кои ги имаме некои мрежи се запленети и инспекторите  ќе имаат кого да повикаат. Кога немавме концесионер имаваме полоша состојба. Никој  не стопанисуваше и рибокрадството  имаше послободен простор. Сега знаеме каде да интервенираме, кого да пријавиме. Од Институтот Хидробиолошлошки подготвуваат програма за порибување. Ако немаше концесија не можевме да имаме порибување“ ,кажа министерот  Трајан Димковски. 

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top