Алтернативна тура „Најубавиот поглед на Охридско езеро“

Сакате ли да го видите Охрид од висина и да го доживеете најубавото зајдисонце движејќи се по Галичица?  “ТреккМе Охрид” во рамки на проектот „Капацитет и иновација на туристичките услуги за одржлив локален економски развој – Нов пристап преку развој на алтернативни туристички атракции“, имплементиран од FINANCE THINK – Институт за економски истражувања и политики, Скопје, во партнерство со Универзитет Американ Колеџ Скопје ќе реализира една од 12 тури за алтернативен туризам насловена како „Најубавиот поглед на Охридско езеро“, утре ,11-ти октомври.

 |   | 

Крајната цел на проектот е подобрување на локалниот економски развој преку градење капацитети на локалните засегнати страни вклучени во ланецот на туристичка понуда, зголемен квалитет на услугите и развој, лансирање и продажба на алтернативните туристички атракции. За таа цел беа обучени 150 учесници во туристичкиот сектор и развиени 12 алтернативни тури, во пет дестинации.

Почетна точка на турата е Охрид. Турата вклучува организиран бесплатен превоз до село Горно Коњско. Планинарската патека е со должина од околу 10 километри. Потребна е средна физичка подготвеност и соодветна облека и обувки. Просечното време за планинарење изнесува три часа.

Активностите се поддржани од проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), поддржан од Светска Банка и Европска Унија кои го финансираа под-проектот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top