Охридски угостители против уривањето на платформите во езеро

Рушење на атрактивни платформи на угостителски објектна езерото  ќе предизвика непроценлива  штета врз туризмот и економијата, сметаат дел од угостителите.  Иако станува збор за дивоградби ,  општината требало да изнајде начин да им ги легализира затоа што немале штетно влијание врз природата а угостителите ги плаќале сите давачки кон државата.

 |  Соња Рилковска  | 


Охридските угостители против уривањето на платформите во езеро.  Велат немаат штетно влијание врз природата, а  општината, иако се дивоградби треба да изнајде начин да им ги легализира. Своето барање го правдаат  со тоа што плаќаат даноци,  закуп, комунална и урбана такса и имаат вработени.
Рушење на атрактивни тераси,  каде гостите уживаат во неповторлив амбиент покрај синото езеро ќе предизвика непроценлива  штета врз туризмот и економијата, вели еден од најстарите угостители во Охрид Љупчо Патчев.

„Да се урнат платформите тоа е  сосема погрешна политика за градот , ако сакаат да го уништат градот нема проблем. Во случајот мене ако ме запрашаат јас уште утре би излегол од УНЕСКО и доколку сакаат да е по нивно нека  дадат пари нека ги запослат децата што работаат од Свети наум до радожда можеби најмалку 1500 деца се. Од друга страна негодуваме што децата ни заминуваат од државата, а од друга страна самите му помагам а се чудиме зошто луѓето децата си заминуваат. Па нема работа. 0503Нас треба платформите да ни ги легализираат од платформите живеат луѓе, ќе живее општината. Плаќаме давачки , урбана комунална такса. Ова како за инает се работи. Дали Унеско дали државата или локалната се навалиле само на Охрид“, вели Љупчо Патчев угостител од Охрид.
Ние не сме криминалци , ние чесно работиме и заработуваме, велат угостителите, кои бараат разбирање од надлежните.

„Јас не сум Боки 13 овде. Јас сум со чисто срце јас сам признав дека ние сите имаме дива градба  на Р Македонија а државата треба да размисли дали Охрид ќе се развива со туризам или ќе си седиме ние по селата или ќе си одиме во странство, кој Австралија кој Европа кој сегде.  Цел свет има платформи јас не знам дали тие Унеско или НВО одат Велмеј да видат како е или отишле Германија, Швајцарија, Италија да видат како е во туристичките дестинации. Само како  за инает се работи“, вели Патчев.
Инаку, инспекторите, согласно препораките на УНЕСКО, донесоа решенија за уривање на сите платформи дивоградби вдолж крајбрежието. Планот е да е урива овој месец. Сопствениците на кафе бар „Аквариус“ неодамна  најавија дека сами ќе ја урнат платформата во вода по завршувањето на оваа сезона.

УНЕСКО даде рок до февруари Охрид да ги спроведе бројните забелешки на комисијата , во спротивно градот  ќе се најде на црната листа загрозено културно и природно наследство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top