• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ИЗДВОЕНИ СРЕДСТВА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И ДОГРАДБА НА КОЛЕКТОРОТ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО

СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ИЗДВОЕНИ СРЕДСТВА ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА И ДОГРАДБА НА КОЛЕКТОРОТ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Со ребалансот на Буџетот за 2019 година Владата на Република Северна Македонија ќе издвои, 183 милиони денари за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно потребите за УНЕСКО и природните потреби за заштита на Охридското Езеро.

 |   | 

Со ребалансот на Буџетот за 2019 година Владата на Република Северна Македонија ќе издвои, 183 милиони денари за Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро согласно потребите за УНЕСКО и природните потреби за заштита на Охридското Езеро.

На почетокот на ова лето премиерот Зоран Заев најави реконструкција и доградбата на колекторскиот систем. За таа цел е формирано државното претпријатие „Колектор“.

На крајот од годинава треба да започне санацијата на колекторскиот систем во Охрид. Од владата ветија дека ќе се поправат сите пумптни и пречистителни станици, со што ќе се спречат еколошките хаварии, кои му се случуваат на Охридското езеро со години наназад. Искористена е старата физибилити студија за реконструкција и санација , но зафатот ќе чини многу помалку пари, кои ќе се обезбедат со ребалансот на буџетот . До март се очекува конечно коекторскиот систем да биде функционален и да одговори на својата намена заштита на Охридското езеро од загадување.

Нефункционалноста на колекторскиот систем е рак рана на Охридското езеро. Од владата најавија комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во Охрид и Струга, со цел да се спречи излевањето и поплавувањето на градските улици.

За таа цел беше формирано државното јавно претпријатие „Колектор“ кое го презема колекторскиот систем со сите натрупани обврски и проблеми. Претрпијатието е регистрирано со седиште во Скопје и во иднина ќе презема обврски на ниво на државата, а не само за Охрид и Струга.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top