• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Русинот Амбросимов и бразилката Чуна триумфираа на 10 километарската трка која денеска се одржа во Охридското езеро

Русинот Амбросимов и бразилката Чуна триумфираа на 10 километарската трка која денеска се одржа во Охридското езеро

16 пливачи кои ја претставуваат светската пливачка елита во моментов учествуваа на оваа трка која е седма од 9 трки во ФИНА светската серија за годинава.

 |   | 

Русинот Кирил Амбросимов и бразилката Марсела Чуна триумфираа на 10 километарската трка која денеска се одржа во водите на Охридското езеро. Во оваа 7ма по ред трка во рамки на ФИНА светската серија 2019 година учествуваа 16 пливачи кои ја претставуваат светската пливачка елита во моментов. На целта во машка конкуренција втор пристигна победникот на „големиот маратон“ во Охрид Аксел Рејмонд од Франција  атрет беше Матео Фурлан од Италија.  Во женска конкуренција втора беше Рашел Бруни а трета Ариана Бриди и двете од Италија. Охрид прв пат во својата историја е домаќин на натпреварување од ваков вид и калибар на пливачи.
Организацијата помина малку стресно но за се има прв пат изјави Александар Маленко , претседател на ПФСМ.


„ Можам да кажам само дека со ентузијасти , Комитет, искрени луѓе кои се дел од ПФСМ успеа нашата визија Охрид и нашата држава да биде домаќин на  10км олимписка дисциплина во светската серија на маратони.“ – изјави Маленко.

Најдобрите светски пливачи меѓу кои и нашиот претставник Евгениј Поп Ацев, топ5 мажи и жени олимписки и светски медалисти задоволни од улсовите кои ги нуди градот, езерото и организаторот.

„Тие се презадоволни од условите кои им ги понуди ПФСМ и нашите пријатели и во поглед на хотелско сместување, транспорт, задоволувачки капацитети и спортска опрема  во вода и од нас како искрени домаќини. “ – додаде Маленко.

Стартот на трките во машка и женска конкуренција го означи претседателот на МОК , Васил Тупурковски.  Регуларноста на трката ја следеше делегатот на ФИНА, Жан пол Нарс кој предходно  ја пофали работата на ПФСМ и одличните организирани маратони во рамките од Лен Купот на 10 километри и Ултра серијата на 25 километри.  Денешната трка е 7ма во светската серија на ФИНА од вкупно 9 вакви маратони. После трката во нашиот град следуваат трките во Тајпеј и Хангжу во Кина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top