Подводниот свет на Охридско Езеро низ објективот на нуркачите од НЦ „Амфора“

Подводниот свет на Охридското Езеро низ објективот на нуркачите од нуркачкиот центар Амфора. Најубавите слики од ендемичните езерски видови, мечѓу кои и подводната охридска краба и змија кои според нуркачите е најтешко да бидат сликани, го привлекоа вниманието на охриѓани и туристите на изложбата на градскиот плоштад.

 |   | 

Дваесеттина најубави фотографии од подводниот свет на Охридското Езеро денеска беа изложени на градскиот плоштад. Целта на изложбата која го привлече вниманието на охриѓани и на туристите е да се подигне јавната свест на пошироката јавност за важноста и потребата од заштита на Охридското Езеро како и промоција на езерото и градот, велат организаторите од Нуркачкиот центар Амфора. Езерото крие посебен свет со неизмерна убавина од која дел овековечи објективот на нуркачите Јован и Милутин Секулоски.


„Сметам дека едни од најинтересните од фотографиите кои се направени се тие од подводната охридска краба и подводната змија. Мислам дека тие беа едни од најтешките да се направат посебно од змијата затоа што потребен е добар момент, секунди се во прашање.“- вели Јован Секулоски,  НЦ „Амфора“

Присутните на изложбата се информираа за живеалиштата на ендемичните видови прикажани на фотографиите, кои се нивните навики, како се размножуваат и за нивните латински називи. За да се изведе една ваква изложба потребна е софистицирана подводна опрема.

“Потребни се квалитетни подводни апарати, светла и блицеви. Поголемиот дел се направени во текот на оваа година но има и фотографии правени низ годините. Правени се при различни временски услови, ноќе, во ладни води итн. Потребно е големо искуство и многу трпение за да се направи добра и квалитетна подводна фотографија. И пред се одлично познавање на подводниот амбиент на Охридското Езеро. “ -објаснува Секулоски.

Сликите се дела на нуркачите од  нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид а изложбата е поддржана од Секторот за ТЛЕР и општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top