Епилогот на случајот „Монструм“ – шест доживотни затворски казни

Шест доживотни затворски казни и една ослободителна пресуда е епилогот од судскиот процес во случајот ’Монструм’ што трае две години, во Основниот суд Скопје 1.

osomniceni
осомничени

Шест доживотни затворски казни и една ослободителна пресуда е епилогот од судскиот процес во случајот ’Монструм’ што трае две години, во Основниот суд Скопје 1.

Според пресудата, што денес во судницата во присуство на семејствата на обвинетите и жртвите ја прочита претседателот на судскиот совет Ивица Стефановски, на доживотен затвор за сторено кривично дело ’тероризам’ се обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во затвор во Приштина, потоа Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. За Рами Сејди судот донесе ослободителна пресуда, затоа што не постоеле цврсти докази за негова инволвираност во настанот.

Одбраната најави дека ќе поднесе жалба против ваквата пресуда, а адвокатите стојат зад тоа дека се цврсто убедени оти обвинетите не се сторители на убиството на четирите млади момчиња и рибарот кај Смилсковското езеро што се случи во април 2012 година.

osomniceniВо образложението на пресудата, меѓу другото, е наведено дека иако дел од обвинетите во исказите тврделе дека не се познаваат меѓу себе, во истражната постапка биле пронајдени заеднички фотографии во нивните компјутери и мобилни телефони. Исто така, речиси сите обвинети се сторители на други кривични дела поврзани со насилство и осудувани за истите, како и за поседување оружје.
Според образложението, Фејзи Азири го организирал бегството на Демири и Исмаиловиќ на Косово. Цврст доказ за негова инволвиранот во убиството се и чаурите што беа најдени на Смилковско езеро, а кои се совпаѓаа со една чаура од друг случај со пукање од пред година и половина на живинарска фарма на Азири.

Во пресудата се наведува и дека во автомобилот ’опел омега’ што беше најден неколку дена по петкртаното убиство беа пронајдени ДНК траги на првообвинетиот Алил Демири.

Исто така, во компјутерите на некои од обвинетите се пронајдени и фотографии од Смилковското езеро и неговата околина.
Во образложението се наведува дека обвинетите планирано и внимателно го одбрале токму Смилковскто езеро како локација за егзекуција, затоа што таму постојано има луѓе и е локација од којашто може лесно да се избега. Времето, исто така, било прецизно избрано, околу 19 часот, кога се стемнува и кога видливоста е послаба.

Судот донел ваква пресуда и поради тоа што изјавите на сведоците на одбраната биле контрадикторни, нелогични и пристрасни.
Сите обвинети ќе останат во притвор до правосилност на пресудата, а рокот за жалба е 15 дена.
Судскиот процес за случајот ’Монструм’ започна на 20-ти декември 2012 година. Од тогаш се одржаа 46 рочишта на кои беа сослушани 30 сведоци и 10 вештаци. Поголем дел од судењата беа отворени за јавноста.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top