Ознака: денари

ivana

Охриѓани совесни плаќачи на данок на имот

Post Views: 1 Охрид, на трето место по наплата на данок на имот  веднаш  по општините Центар и Битола. Во општинската каса има зголемен приход од данокот на имот. Минатата година, од охриѓани и граѓаните кои имаат имот во Охрид, биле инкасирани во Локалната самоуправа 49 милиони денари. На контото завршиле 5 милиони денари повеќе од планираните 44 милиони денари вели раководителот на одделението за даноци, Иван Бандилова Несторовска. За само 5 години, од кога ова одделение ја презело обврската за наплата на данокот на имот од УЈП, приходот по овој основ се зголемил за 3 пати. Во ...

Continue reading

turnir

Велигденски турнир мал фудбал 2012

Post Views: 0 „Велигденскиот турнир во мал фудбал“ од година во година полека но сигурно, прераснува во регионален. Организатор на неговото овогодинешно четврто издание е Јавното претпријатие „Биљанини извори“, а генерален покровител е Локалната самоуправа од Охрид. Директорот на ова претпријатие, Боро Шајн за оваа година најавува вистински спектакл. „Сакам да напоменам дека овој турнир сакаме да го подигнеме на уште повиско ниво, односно сакаме на овој охридски терен да организираме турнир кој ќе биде истовремено и спектакл. Да победи најдобриот, очекуваме да се појават екипи не...

Continue reading

zanaetciska komora

Ќе тргне ли занаетчиството?

Post Views: 8 Тоа не е за занемарување со оглед на фактот што немаат сопствени простории за држење состаноци. Тие испратиле и допис до градоначалникот Петрески за остварување на средба во која од локалната ќе побараат да им обезбеди деловен простор за држење на редовните состаноци. Во меѓувреме комората се снаоѓа и што е поважно донесува сериозни одлуки меѓу кои најважна е онаа за плаќањето на членарината. „Ако за 2011 година претходното раководство успеало да собере 22.000 денари по основ на членарина, само во Февруари ние успеавме да собереме преку 14.000 денари што не е малку....

Continue reading

volk

Отстрелани волци на влезот од градот

Post Views: 5 Ловци од охридското здружение деновиве одстрелале неколку  волци. Волците биле забележани во  населени места и во ловиштата за крупен дивеч во Брежани и Завој. Појава  на волци кои во зима во потрага по храна се спуштаат во градот имало и порано. Така, ланската  година еден волк беше отепан во каналот Билјанини извори. Ловците сега се изненадени од  нивното присуството во северниот  дел на градот.  Ловникот Зоран Целакоски вели дека ловците во хајка во близина кај Винарска визба отстрелале 2 волци, а  уште два на терен за крупен дивеч“.   Министерството за земјоделство, ...

Continue reading

SOU Vanco Pitoseski

Ново спортско игралиште за ОСУ „Ванчо Питошески“

Post Views: 6 5.080.000 денари општински пари се одвоени само за средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од оваа сума, 980.000 денари се предвидени за изградба на ново спортско игралиште откако минатата година по судски пат им беше одземен дел од старото. „Точно е дека дел од игралиштето во средното училиште „Ванчо Питошески“ е одземен односно сопствениците си го повратија имотот кој беше нивни, бидејќи игралиштето некогаш порано било асфалтирано, луѓето си го повратија имотот и во програмата гледате дека ние сакаме да го санираме тој дел односно ќе комплетираме едно игралиште...

Continue reading

grobishta

Пандески :„Гробната такса мора да се плати “

Post Views: 10 Гласините дека сметките за гробарина ќе се намалат од ЈП нити ги потврдуваат нити ги демантираат, само велат дека досегашните сметки за 2011 година мора да се платат. Координаторот на ЈП „Градски Гробишта“ Драган Пандески вели дека има иницијатива за намалување на сумата за гробарина, но најпрво зелено светло за истата треба да даде Управниот одбор, а потоа и советот на општина Охрид. „Управниот одбор на ЈП во декември 2010 год. донесе одлука-ценовник на ЈП во кој покрај другото беше прецизирана и ставката за одржување на гробните места, односно гробарина. На 29.12....

Continue reading

minister Todorov

Тодоров се пофали како ќе ги решава проблемите во здравството

Post Views: 1 „Јас распишав оглас да се пријават специјализантите кои праиватно завршил или се на последната 1 -2 година за после тоа да бидат ставени во функција на здравствените организации во Македонија“, рече при тоа Тодоров. Министерот објасни зошто болниците не се во можност да ги поддржат специјализациите на лекарите. Високите цени на школувањето и напуштањето на болниците од страна на специјалистите по завршувањето на нивното образование се главните причини за недостигот од специјалисти. Се прават обиди цените на специјализациите кои  сега ги одредува Медицинскиот факултет,...

Continue reading

pres Atanasko Mihailov

„Градоначалникот Петрески, работи против интересите на граѓаните на Охрид“ обвинуваат од O.K. на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 0 „Суров напад на Градоначалникот Александар Петрески врз домашните буџети на Охриѓани,“ обвинуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Атанаско Михаилов истакна дека Петрески преку Проаква, а со предлог на Советот, сака да изврши зголемување на цената на водата во Охрид дури за 20%. „Неуспехот на водењето на Проаква, отпуштањето на работниците,хавариите во системот, сакаат да ги покријат со удар по џебот на граѓаните од 20%.Охрид и досега плаќаше една од најскапите  цени за вода по кубик, а со ова зголемување тоа ќе биде и убедливо највисока цена. Причини, неспособноста...

Continue reading

mrest

Доцни мрестот на охридската пастрмка

Post Views: 9 Традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка доцни два дена. Од хидробилошкиот институт се подготвени за мрестот, само велат ја чекаат дозволата од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Со дозволата ќе може да влезат во водите на Охридското Езеро, за да почнат со лов на овој ендемичен вид риба, со цел да соберат  икра за вештачко оплодување. Одговор зошто се доцни со мрестот побаравме од ресорното министерство.Портпаролот на Министерството за земјоделство,  шумарство и водостопанство, Тања Михајловска  информира дека за ден-два ќе почне мрестот....

Continue reading

lekar

50 денари партиципација за секој преглед на матичен

Post Views: 2 Матичните лекари бараат 50 денари партиципација за секој преглед. Овој предлог ќе се разгледува утре во Фондот за здравство, а доколку се усвои, и оваа бесплатна услуга ќе замине во историјата. Ова ќе значи дека секоја консултација, посета, или преглед ќе мора да го платите, а доколку пациентот треба да прими инјекција, или некаква терапија ќе мора да даде и повеќе пари. Еве што мислат Охриѓани за овој предлог. „Мислам дека не е во ред. Народот нема пари, плаќаат други давачки и ова ќе е многу. А лекарите си добиваат капитација преку Фондот.“ „Нека си го регулираат...

Continue reading

gradinka

Детската градинка „Јасна Ристеска“ ќе се проширува

Post Views: 0 Завршена е тендерската постапка за доградба на објектот на централната детска градинка „Јасна Ристеска“. Избран е и  изведувачот, па проширувањето на објектот ќе стартутва годинава со подобрување на временските услови. За оваа намена Локалната самоуправа има издвоено 9 милиони денари. Со овие средства, а според потребите на градинката, од просторни услови  ќе бидат изградени три нови занимални во источното и западното крило на градинката, три санитарни јазли и трпезарија. Серафим Наумоски од Локалната самоуправа информира дека се планирани и  промени на дограмата, како...

Continue reading

grobishta

Ќе се преиспитува висината на надоместокот за гробарина

Post Views: 3 Повторно ќе се разгледува висината на надоместокот за гробарина. Износот од 1200 денари годишно за одржување на гробните места, како гром од ведро небо ги погоди Охриѓани. Сепак според координаторот на Јавното претпријатие „Градски гробишта“, Драган Пандески иако надоместокот е висок, сепак е реален. Пандески вели: Нашата анализа вели дека одржувањето на гробиштата не е само одржување на тие два метри квадратни, туку одржување на цела инфраструктура и на целата површина од 140.000 метри квадратни и 8350 гробни места.“ По многуте реакции од страна на граѓаните, проблемот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top