Отстрелани волци на влезот од градот

Ловци од охридското здружение деновиве одстрелале неколку  волци. Волците биле забележани во  населени места и во ловиштата за крупен дивеч во Брежани и Завој. Појава  на волци кои во зима во потрага по храна се спуштаат во градот имало и порано.

 |  Валентина Нелоска  | 
volk
volk

Ловци од охридското здружение деновиве одстрелале неколку  волци. Волците биле забележани во  населени места и во ловиштата за крупен дивеч во Брежани и Завој. Појава  на волци кои во зима во потрага по храна се спуштаат во градот имало и порано. Така, ланската  година еден волк беше отепан во каналот Билјанини извори. Ловците сега се изненадени од  нивното присуството во северниот  дел на градот.  
Ловникот Зоран Целакоски вели дека ловците во хајка во близина кај Винарска визба отстрелале 2 волци, а  уште два на терен за крупен дивеч“.   
Министерството за земјоделство,  шумарство и водостопанство го стимулира отстрелот на волците. Посебна Комисија за отстрелана волчица  на ловците им исплаќа 3500 денари, а  за волк 3000 денари. Покрај ловот на волците се стимулира и одстрелот на лисиците на ловиштата со кои стопанисува Здружението на ловци Охрид. На дневните ловни  дозволи кои  се издаваат на ловците стои дека се плаќаат 200 денари за секоја одстрелана лисица.
lovnikЛовците презеле акција на петте ловишта  во која учествувале  специјално обучени ловци кои отстрелале 33 лисици. Мострите биле испратени  во Ветеринарниот факултет во Скопје од каде што се добиле резултатите со кои се утврдило дека на охридските ловишта нема беснило од лисица.
Од 2010 година Ловното друштво Охрид  е концесионер на 5  ловишта кои  се  протегаат на 50.000 хектари. Од нив три ловишта за ситен дивеч се во атарите на селата Мешеишта, Белчишта и Косел и два за крупен дивеч во атарот на Брежани и Завој. Обврска на Здружението  е во текот на 60 дена во зимските месеци да обезбедува околу 9 тони храна со која ќе го прихрануваат дивечот. Во нивната развојна програма велат дека ја предвиделе долготрајноста на ова зима  и набавиле  храна за прихранување на дивечот за 90 дена. Ловците нагласуваат дека редовно и без проблеми го прихрануваат дивечот во сите пет ловишта.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top