Ознака: дека

Не е точно дека лажица се лепи за рамо поради вакцинација

Post Views: 0  Медицински експерти во повеќе наврати се изјаснија дека вакцините немаат магнетизирачко дејство и немаат магнетизирачки компоненти. Предмети на раката може да се залепат поради фрикција (триење), лепило, селотејп, природната пот на кожата на раката, но не и поради вакцинација. Истите луѓе кои можат да залепат магнетни предмети на нивните тела може да залепат и немагнетни предмети со истата леснотија. Наводните магнетски моќи исчезнуваат ако им се прекрие кожата со пудра.  Во постот што го рецензираме, уште еднаш е претставен предмет (лажица) залепен на рамото на наводно...

Continue reading

Нов начин на плаќање сметки

Post Views: 11 Техниката на плаќање со кредитна картичка или со смарт телефон се покажа како многу практично и популарно решение. Меѓутоа тие решенија наскоро би можеле да добијат сериозен ривал. Шведска стартап компанија претставила нова технологија на плаќање, која од муштериите бара само чиста дланка. На овој начин, студентите на универзитетот Лунд во Шведска, секој ден купуваат кафе и ужина во едно кафуле. Кратко преоѓање со дланката преку инфрацрвен скенер и плаќањето е извршено. Системот кој го добил името Quixter го смислил студентот Fredrik Leifland од универзитетот во Шведска. “Идејата...

Continue reading

British Airways започнува со обновливо гориво

Post Views: 0 Лондон наскоро ќе му плаќа на British Airways за згрижување на својот отпад. British Airways од комуналниот отпад ќе произведува млазно гориво за своите авиони. Компанијата најавила дека наскоро со помош на фирмата Solena Fuels ќе почне со производство на обновливо млазно гориво од комунален отпад. Овој вид на гориво е поефтино од конвенционалното млазно гориво, а ќе помогне да се намали отпадот на депониите за ѓубре. Отпадот кој е сортиран за рециклирање ќе се претвора во млазно гориво со помош на две технолошки методи, а од British Airways јавуваат дека производството...

Continue reading

Пронајден бродот на Колумбо?

Post Views: 2 Американски тим на археолози под водство на Barry Clifford ги фотографирал остатоците на бродот на северниот брег од Хаити, а локацијата одговара на онаа од дневникот на Кристофер Колумбо. Археолозите веруваат дека на северниот брег од Хаити ги пронашле остатоците на легендарниот брод Санта Мариа со кој Колумбо ја открил Америка во 1492 година. “Сите географски податоци, подводната топографија и археолошките докази силно сугерираат дека ова се остатоците на славниот брод на Колумбо“, тврди Barry Clifford. Овој американски подводен истражувач вели дека мораат да продолжат...

Continue reading

Алармантно топење на Западен Антарктик

Post Views: 6 Новата студија на научниците на NASA од универзитетот во Калифорнија, открива дека дел од ледената покривка на Западен Антарктик алармантно брзо се топи и дека топењето ја преминало границата, без враќање. Веќе ништо не може да го запре топењето на Антарктик и да го подигне нивото на светските мориња за 1,2 метри. Станува збор за дел на Антарктик на подрачјето на Амундсеново море, истакнува глациологот и главниот автор на студијата, Eric Ringot, од споменатиот универзитет и Jet Propulsion Laboratory на NASA. Студијата на Rigot и неговите колеги ќе биде објавена во научниот...

Continue reading

Од тезга до милијарди

Post Views: 2 Бил продавач на тезга а годинава влегол во листата на најбогати луѓе во Англија, бидејќи во минатата година заработил 695 милиони фунти, пишува Independent. 62 годишниот Chris Dawson своевремено го напуштил училиштето бидејќи не можел добро да чита и пишува. Меѓутоа, почнувајќи од тезга на која продавал часовници за 8,99 фунти, изградил трговско царство – дисконтниот ланец The Range – кој денес вреди 1,28 милијарди фунти, пишува Independent. Dawson првиот Range дисконт го отворил во 1989 година а потоа се проширил и по југоистокот на Англија. Денес поседува 88 продавници...

Continue reading

Facebook влијае на самодовербата

Post Views: 0 Бројни истражувања за најпопуларната мрежа на светот покажале дека може да има големо негативно влијание за некои свои корисници и дека влијае на намалување на нивната самодоверба. Имено, со оглед на тоа дека голем број на луѓе на оваа мрежа објавуваат статуси и фотографии со кои се фалат и покажуваат колку им е добро во животот, односно објавуваат фотографии од излегувања, патувања, дружења и слично, дел од корисниците, гледајќи како нивните пријатели од Facebook добро се проведуваат, сметаат дека водат поприлично досаден живот и дека ништо не им се случува, а тоа влијае...

Continue reading

Русите ги раскараа Црногорците

Post Views: 4 Жирито од политички причини не и дало на Русија ниту еден поен, тврди пратеникот на Демократскиот фронт, Славен Радуновиќ. Тој го обвини црногорското жири дека ги наместило разултатите од гласањето за Евросонг. Радуновиќ повикувајќи се на официјалната интернет страница на Евросонг соопштил дека од политички причини, на песната на Русија, не и бил даден ниеден поен, без оглед на гласањето на гледачите од Црна Гора. „На интернет страницата eurovision.tv потполно транспарентно е прикажан процесот на гласање. Русија добила најмногу гласови од црногорската публика, но жирито...

Continue reading

Gmail тестира нов дизајн

Post Views: 3 Gmail наскоро би можел да има потполно поинаков изглед од оној на кој сме навикнати. Имено, Google неодамна дозволил на група корисници да го тестираат новиот дизајн на Gmail со некои нови и подобрени опции. На интернет се појавија неколку фотографии на редизајнираниот Gmail на кој се гледа дека има многу промени: воведени се нови опции, а некои од постоечките се префрлени на друго место, како на пример опцијата за пишување на нов мејл која сега се наоѓа во долниот десен агол, објавил Geek.com. На основа на фотографиите, видливо е дека Google направил повеќе козметички...

Continue reading

Којa е Кончита Вурст?

Post Views: 0 Австриската музичка ѕвезда, Кончита Вурст, родена под името Том Нојвирт, моментално се наоѓа на покривот на Европа, по триумфот со баладата “Rise like a Phoenix” за песната на Евровизија одржана на 10 мај во Копенхаген. Министерот за култура на Австрија, Јозеф Остермаер, изразил задоволство што Австрија победила и рекол дека се радува што неговата земја ќе биде домаќин на ова натпреварување идната година. “Првото место на Австрија на Евровизија е голема победа за Кончита Вурст, но и победа по прашањето за толеранција и почит”, порачал министерот. Том Нојвирт пред Евровизија...

Continue reading

Скандал кај соседите

Post Views: 1 Секретарката на комисијата за хартии од вредност во српската влада го обвинила генералниот секретар дека сексуално ја вознемирувал и се заканувал. Службеничката Л.Ј. обвинувањата за малтретирање од страна на Новак Недиќ, ги доставила до претседателот на таа комисија Зоран Ќировиќ и на останатите членови на тоа тело, јавува Блиц. Таа, непосредно пред седницата на која требало да се разгледува нејзиното разрешување, пратила службен мејл во кој наведува дека од секретарот Недиќ „трпела сериозни облици на мобинг“. Л.Ј. тогаш признала и дека Недиќ „политички лобирал за нејзино...

Continue reading

Откриена уште една тајна за Хитлер

Post Views: 4 Страницата која содржи попис на населението во Англија покажала дека полубратот на Хитлер, Alois Hitler, живеел во улицата Merseyside во Ливерпул со сопругата Bridget и новородениот син во 1911 година. Најновите документи покажале дека Alois Hitler живеел во Ливерпул, во куќа која подоцна е бомбардирана од нацистичките сили, а денес тоа е напуштена ливада. Во документацијата, од досега непознати причини, Alois се потпишувал како Anton. Кога во 1910 година Alois ја запознал Bridget Elizabet Dowling, на коњички натпревар во Даблин, се заљубиле и избегале од нејзините родители...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top