Gmail тестира нов дизајн

Подобри опции или козметика?

 |  инфодеск  | 

Gmail наскоро би можел да има потполно поинаков изглед од оној на кој сме навикнати. Имено, Google неодамна дозволил на група корисници да го тестираат новиот дизајн на Gmail со некои нови и подобрени опции.

На интернет се појавија неколку фотографии на редизајнираниот Gmail на кој се гледа дека има многу промени: воведени се нови опции, а некои од постоечките се префрлени на друго место, како на пример опцијата за пишување на нов мејл која сега се наоѓа во долниот десен агол, објавил Geek.com.

На основа на фотографиите, видливо е дека Google направил повеќе козметички промени. Меѓу новите опции е онаа за едноставно уклучување на потсетник, како не би се пропуштил некој важен датум.

Исто така возможно е некој мејл, иако сте го добиле одамна, да направите да ви се појави најгоре во инбоксот на одреден датум. Ѕвездичките се заменети со пинови (иглички) со кои се обележуваат некои мејлови по ваш избор.

Секако Google не ги заборавил ни рекламите. Освен досегашниот оддел за мејлови со промотивна содржина и одделот за мејлови кои пристигнуваат од социјалните мрежи, Google вовел и оддел каде ќе ви пристигнуваат промотивни содржини во врска со патувања, финансии, шопинг…

Сепак, иако Google тестира ваков дизајн, не мора да значи дека тој ќе биде прифатен. Компаниите често тестираат нов дизајн и нови опции, а многу од таквите идеи воопшто не стигнуваат до крајните корисници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top