Од тезга до милијарди

Компанијата е 100% негова и тоа му се допаѓа

 |  инфодеск  | 

Бил продавач на тезга а годинава влегол во листата на најбогати луѓе во Англија, бидејќи во минатата година заработил 695 милиони фунти, пишува Independent.

62 годишниот Chris Dawson своевремено го напуштил училиштето бидејќи не можел добро да чита и пишува. Меѓутоа, почнувајќи од тезга на која продавал часовници за 8,99 фунти, изградил трговско царство – дисконтниот ланец The Range – кој денес вреди 1,28 милијарди фунти, пишува Independent.

Dawson првиот Range дисконт го отворил во 1989 година а потоа се проширил и по југоистокот на Англија. Денес поседува 88 продавници во Англија и Шкотска. Објаснувајќи го изненадното зголемување на своето богатство, Dawson истакнува дека поседува 100% од својата компанија, дека нема долгови и дека тоа многу му се допаѓа.

„Секогаш гледам да поминам што поефтино, и тука ги вклучува бизнисите со оние кои сакам да ги нарекувам „вознемирени трговци“- компании кои отишле во стечај. Кога тоа се случи со MFI, беше понудена за продажба за 68 милиони фунти, а јас на крајот ја земав за помалку од 3 милиони. И сето тоа се заврши за три дена“, раскажува тој.

Тој наведува дека како дете ретко одел на училиште и дека го напуштил без да стекне било какво знаење и со проблеми во читањето и пишувањето. Сепак се трудел да не пропушта ниеден четврток на училиште бидејќи тогаш имал часови по техничко образование. Со другарите организирал некој вид на синдикат и намерно правеле лоши работи, за да бидат фрлени во ѓубре а потоа го земал отпадот и го продавал.

Откако учителот открил што прави Dawson, му рекол: „Тоа е погрешно, но проклето генијално. Или ќе станеш богат или ќе завршиш зад решетки“.

Dawson денес вози Rolls Royce со регистерски таблички „De11Boy“, во чест на Del Boy, главниот јунак во серијата „Only fools and Horses”, која му е омилена.

Во своите The Range дисконти продава буквално се, а централата на компанијата се наоѓа на периферијата на Плимут.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top