British Airways започнува со обновливо гориво

Летање со гориво од комунален отпад

 |  инфодеск  | 

Лондон наскоро ќе му плаќа на British Airways за згрижување на својот отпад. British Airways од комуналниот отпад ќе произведува млазно гориво за своите авиони.

Компанијата најавила дека наскоро со помош на фирмата Solena Fuels ќе почне со производство на обновливо млазно гориво од комунален отпад.

Овој вид на гориво е поефтино од конвенционалното млазно гориво, а ќе помогне да се намали отпадот на депониите за ѓубре.

Отпадот кој е сортиран за рециклирање ќе се претвора во млазно гориво со помош на две технолошки методи, а од British Airways јавуваат дека производството ќе започне во 2015 година.

Планот е да се намали емисијата за 50% до 2050 година, и иако горивото од отпад на почеток ќе завзема само 2% од вкупната потрошувачка, компанијата наведува дека во наредните години полека ќе се зголемува уделот на ова обновливо гориво на сите летови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top