Facebook влијае на самодовербата

Зошто Facebook за некои корисници е прав пекол?

 |  инфодеск  | 

Бројни истражувања за најпопуларната мрежа на светот покажале дека може да има големо негативно влијание за некои свои корисници и дека влијае на намалување на нивната самодоверба. Имено, со оглед на тоа дека голем број на луѓе на оваа мрежа објавуваат статуси и фотографии со кои се фалат и покажуваат колку им е добро во животот, односно објавуваат фотографии од излегувања, патувања, дружења и слично, дел од корисниците, гледајќи како нивните пријатели од Facebook добро се проведуваат, сметаат дека водат поприлично досаден живот и дека ништо не им се случува, а тоа влијае на нивното расположение.

Но, не се причина само статусите и фотографиите на нивните пријатели, за намалувањето на расположението и самодовербата, туку на нивното расположение влијае и интеракцијата со пријателите на Facebook, односно колку пати пријателите ќе лајкуваат и ќе ги коментираат статусите и фотографиите кои ги објавуваат.

Игнорирањето на Facebook е психолошки пекол за корисниците“, ги коментирале на Cnet резултатите од истражувањето кои го спровеле научници во Австралија и кое покажало дека голем број на корисници на оваа мрежа се зависни од лајкови и коментари и дека токму тоа е причина поради која објавуваат нешто на Facebook.

Научниците ова истражување го поделиле во две фази – во едната дел од корисниците редовно објавувале работи на Facebook, додека другите биле пасивни корисници (ништо не објавувале), додека во другата фаза сите морале да објавуваат што повеќе содржини. Но, половина од корисниците кои учествувале во ова истражување не биле свесни дека компјутерите им биле наместени да не примаат никакви реакции (лајкови и коментари) на работите кои ги објавуваат.

Поради тоа што мислеле дека никој не реагира на нивните објави, тие се чувствувале како да се невидливи и неважни, што резултирало со губење на самодовербата и чувството за припадност.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top