Ознака: дека

Лага е дека вакцината „Спутник“ содржи графен оксид и дека со неа се вградува чип

Post Views: 6 Анализираме пост на Фејсбук, еден од низата со теории на заговор дека во вакцините против ковид-19 има чип, што се внесува во телото на оние кои ќе се вакцинираат. Ако досега ваквите тврдења беа наменети за мРНА вакцините, во овој пост на удар е руската вакцина Спутник. 26.07.2021 Инфо Русија Одстранет чип од раката. Вакцина Спутник. Наводно, станува збор за вакцината Спутник. На видеото можете да видите како црната честичка магнетно реагира и тие успеаја да го извадат ова парче. Се сомневаме дека течниот графен оксид во телото е составен поради човечкото електрично...

Continue reading

Нема докази дека вакцините содржат графен оксид

Post Views: 2 Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно.  Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје и истражувач на фармацевтски производи, кои тврдат дека со аплицирањето на оваа вакцина ќе има геноцид врз населението. Објавата на Фејсбук ја доведува во заблуда јавноста дека конечно е откриена...

Continue reading

Пост на Фејсбук дезинформира дека сите вакцинирани ќе починат наесен

Post Views: 2 Оваа објава се повикува на антиваксерот Виктор Колман и ја дезинформира јавноста дека вакцинираните ќе почнат да умираат наесен, како и дека се заштитени само од првичната мутација на коронавирусот. Наспроти дезинформациите на Колман, според Центарот за контрола и превенција на болести од САД (ЦДЦ), ковид вакцините се безбедни и ефикасни и може да го спречат ширењето на коронавирусот. Истовремено се наведува дека тие што се вакцинирани, дури и да се заразат со коронавирусот, нема да имаат тешка клиничка слика и нема да бидат хоспитализирани во толку голем обем, споредено...

Continue reading

Не е точно дека карантинот во Австралија се воведува за присилна вакцинација

Post Views: 2 Сиднеј воведе карантин поради брзото ширење на делта сојот на коронавирусот и тврдењето дека воведувањето на мерки е со цел присилна вакцинација, е неточно. Исто така, вакцинирањето во Австралија е на доброволна основа и граѓаните сами може да изберат дали сакаат да се вакцинираат против ковид-19. Неточно е и тврдењето дека нема починати од корона вирусот. Таму се регистрани 910 смртни случаи. Постот манипулира и со процентот на заболени со коронавирусот, тврдејќи дека заразени се  0.018 % од популацијата. Австралија има  речиси 26 милиони жители и кога ке се земе бројот...

Continue reading

Не е вистина дека пандемијата и вакцинацијата се биолошка војна

Post Views: 5 Објава на социјалната мрежа Фејсбук шири страв и паника, нарекувајќи ја вакцинацијата „експериментирање од страна на  лажговци, тендераши“, а за граѓаните кои ги вакцинираат своите деца  се вели „не заслужуваат ни да имаат деца“ . Наспроти ова, непобитен научен факт е дека  вакцините го спасуваат животот и спречуваат ширење на болести. Светската здравствена организација (СЗО) внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за ковид-19, а ефикасноста и безбедноста на вакцините секојдневносе потврдува со нови научни студии. Постот  манипулира  дека „глобалистичка секта“...

Continue reading

Лага е дека полицијата во Лондон затворала вакцинални пунктови и апсела поради вакцинирање

Post Views: 3 Полицијата во Лондон за Ројтерс вели дека нема никаква кривична истрага за ковид-19 вакцините и дека ниту еден вакцинален центар не е затворен. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесува тврдење дека во Велика Британија, од 23 јануари 2022 година е издадена наводна наредба за заплена и стопирање на работата на сите ковид центри за вакцинација во државата. Во објавата исто така се тврди дека има 11 илјади докази за смртни случаи од вакцините и издадена е наредба за апсење на сите вклучени во ова „злодело против човештвото“. Потенцирано е на полицијата дека тие...

Continue reading

Манипулација е дека делта сојот не им може ништо на одредени луѓе

Post Views: 0 Тоа што го соопштува насловот како информација, не може да се најде во содржинскиот дел на текстот што се споделува на Фејсбук. Податоците од истражувањето, пренесено во написот, покажуваат дека дури и вакцинираните може да појават симптоми односно да се заболат, со тоа што вакцините спречуваат развивање на потешка клиничка состојба, хоспитализација и смрт од овој и другите соеви на коронавирусот. Заклучокот, пак, изнесен во насловот дека „има луѓе на коишто делта сојот на вирусот не им може ништо“, е паушален и неточен. Сè почеста тема на пишување во медиумите и на...

Continue reading

Стружани револтирани што по секој снег се јавуваат истите проблеми

Post Views: 3 Снежните врнежи во струшко-дримколкиот регион направија хаос. Паднати бандери и кабли, а и дрва го попречија норманлото движење во сообраќајот. Граѓаните синоќа беа и без струја. Без напојување беа Струга, Вевчани и планинските села од Малесија, но и во селата Делогожда, Мислоежда,Татеши. Во Струга секна и градската водоводна мрежа, а вода за пиење немаше се до попладневните часови. Стружани се револтирани од тоа што еден снежен зимски ден го парализира нормалниот живот на граѓаните. Од општина Струга информират дка ЈП Комунално и Проква биле вклучени во расчистување...

Continue reading

Нема докази дека вакцините против ковид-19 влијаат врз плодноста кај мажите или жените

Post Views: 1 Не е докажано дека ковид-19 вакцините влијаат врз квалитетот на сперматозоидите, односно врз плодноста ниту кај мажите ниту кај жените. Точно е дека квалитетната сперма сè повеќе се бара на пазарите и дека нејзината цена расте. Постот што го рецензираме, ваквиот факт го злоупотребува со цел да шири дезинформација дека вакцината против ковид предизвикува стерилитет. Пост на Фејсбук ја уверува јавноста дека сперматозоидите на невакцинираните мажи ќе станеле новиот инвестиционен Биткоин! Ваквата најава се поткрепува со тврдењето дека оние кои се вакцинирале против ковид-19...

Continue reading

Сингапур не открил дека ковид-19 е предизвикан од бактерија

Post Views: 0 Невистинит е овој  пост во којшто се тврди дека Сингапур открил оти ковид-19 е предизвикан од бактерија, а не од вирус, како и тоа дека ја променил терапијата за лекување. Исто така, не е точно дека обдукцијата била извршена спротивно на протоколите и насоките од СЗО, затоа што СЗО не ги забранува обдукциите на починатите од ковид. Ковид-19 е предизвикан од вирус, а не од бактерија и ова е третото лажно тврдење во постот. Фактот што овие дезинформации им се атрибуираат на официјални медицински власти на Сингапур, покажува колку пропагандата и машината за лажни информации...

Continue reading

Нема никакви докази дека крвната слика се влошува по примање вакцина против ковид-19

Post Views: 4 Во оваа објава  се тврди дека вакцините против ковид-19 ја влошуваат крвната слика на луѓето и дека тоа го утврдила докторка која ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по примањето вакцина. Но, тука не е прецизирано за која вакцина конкретно станува збор. Понатаму, докторката која дошла до ваквите „шокантни“ податоци нема име и презиме, нема нејзина изјава, не е јасно каде таа доктoрка работела, колку пациенти испитала. Нема податоци на која возраст и пол се луѓето од кои наводно земала крв, дали имале некакви претходни заболувања и со кои вакцини се вакцинирале....

Continue reading

Не е точно дека Министерството за здравство купило нула вакцини

Post Views: 0 Факт е и дека имаше голем број на донирани вакцини за Македонија. Меѓутоа, не е точно дека министерот за здравство и Владата купиле нула вакцини против ковид, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Купените вакцини, едноставно, доцнеа, иако договорите беа потпишани Рецензираме пост кој беше споделен над 100 пати, иако е краток и неаргументиран. Всушност, преку споредба колку лубриканти и вазелин се купени, наспроти „нула купени ковид вакцини“, се прави спин. Постот гласи гласи:     Филипче со Министерството за здравство има нула купено вакцини. Колку има купено Филипче...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top