Ознака: дека

Лаги, лаги и лаги дека ковид 19 е измама

Post Views: 1 Рецензираме објава на Фејсбук во која е изнесена теорија на заговор. Во постот се тврди дека ковид е измама и глобален координиран напад со цел да се уништи светската економија, да се воведе светска дигитална валута, присилно вакцинирање, идентификација со микрочипови. Според авторот на постот, зад сето ова стојат групи кои го контролираат светскиот банкарски систем и имаат преземено контрола врз повеќе влади од различни држави. Крајната цел според изнесеното, е да има една светска религија, следење на секое ваше движење, една светска влада и нов светски поредок. Во...

Continue reading

Не е точно дека сите вакцинирани се инфицирале од вакцините против ковид

Post Views: 3 Преку вакцината не може да се заразите со ковид. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот ковид-19. Нема да предизвика позитивен тест со кој се тестира активна инфекција со ковид-19. Не е точно она што се тврди во постот дека вакцинираните го шират вирусот врз невакцинираните. Вистината е дека и вакцинираните и невакцинираните можат да ја шират делта варијантата подеднакво, но вакцината штити од тежок исход и хоспитализација како и од смртност кај оние што ќе ја примат. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесени невистинити информации. Во постот...

Continue reading

Не е точно дека нема корона

Post Views: 2 Не е вистина дека коронавирусот не постои. СЗО уште минатата година прогласи пандемија заради високиот број на новозаразаени и починати од компликации предизвикани од вирусот. Научната фела уште на почетокот на 2020 потврди дека станува за вирусот Сарс Ков 2 заради што сите земји во светот применуваат антиковид мерки за да се спречи неговото ширење. ПЦР тестовите за ковид-19 се прецизни и детектираат генетски материјал на Сарс Ков 2 вирусот, но не и вируси кои се причинители за настинка или грип, иако сиптомите во одреден дел може да бидат слични. Рецензираме пост на Фејсбук со видео од...

Continue reading

Доктор неточно тврди дека вакцините против ковид-19 се експериментални

Post Views: 9 Вакцините кои се користат во Македонија не се експериментални. Вакцината на „Фајзер“ стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација (СЗО) ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021 а „Синовак“ има дозвола од 1 јуни 2021 година. Научно е докажано дека вакцината спасува животи и засега е единственото...

Continue reading

СЗО тврди дека не е потребна трета доза вакцина

Post Views: 4 Моменталните податоци не покажуваат дека е потребна трета доза вакцина против ковид19, рече денеска главната научничка на Светската здравствена организација (СЗО) Соумуа Сваминатан. Зборувајќи за дополнителните вакцини кои се даваат во богатите земји советникот во светската организација Брус Ајлвард рече дека на светот има доволно вакцини, но тие не се на вистинското место и по вистинскиот редослед. Тој додаде дека две дози треба да им се дадат на најзагрозените низ светот пред да се тргне во давање на трета доза на они кои се потполно вакцинирани. Од СЗО истотака нагласија...

Continue reading

Лага е дека треба да поминат најмалку 6 месеци од вакцинирањето пред да се планира бременост

Post Views: 2 Ниту еден од производителите на вакцини не тврди дека жените после вакцинација треба да почекаат одреден период пред да се обидат да зачнат бебе. Ниту еден официјален извор на информации не препорачува да се чека помеѓу шест месеци и две години пред да се планира бременост, како што дезинформира овој пост на Фејсбук. Такво нешто не е наведено ниту во препораките на Светската здравствена организација (СЗО), ни во препораките на Американскиот центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ). Овој податок не е добиен ниту со некое истражување направено од релевантна медицинска...

Continue reading

Дезинформација е дека тепачката во Центар Жупа била за вакцинални сертификати

Post Views: 2 Од СВР Охрид негираат дека физичката пресметка има врска со вакцините и вакциналните серитфикати. Оттаму велат дека се работи  за тепачка меѓу припадници на две семејства поради нерасчистени односи. Видео од тепачка, за која се тврди дека се случила во Дебар, од синоќа се споделува по социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, а денеска е преземено од неколку портали. Корисник на Фејсбук без подетално објаснување, пишува: Рестрикциите на Венко! Видео превземено од Твитер. Еве што се случува,додека тој си шета слободно ! Ова е во Дебар! Овој пост во моментот на нашата рецензија ...

Continue reading

Не е точно дека невакцинираните не се опасни за ширењето на делта варијантата

Post Views: 0 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека невакцинираните не се опасни во контекст на тоа дека не го шират вирусот (новите варијанти на вирусот, а од нив најдоминантна на светско ниво е делта варијантата). Во постот се додава дека невакцинираните не го шират вирусот, па затоа се предлага тие (вакцинираните) да се изолираат од општеството. Нелогичното тврдење му е атрибуирано на професор по инфективни болести од Франција, Кристијан Пероне. Вакцинираните се во ризик од новиот вирус и го пренесуваат. Докажано е во различни земји. Значи вакцинираните треба да бидат...

Continue reading

Бил Гејтс никогаш не кажал дека 700.000 луѓе можат да бидат жртви на вакцините

Post Views: 1 Фејсбук објава, којашто деновиве е вирална на социјалните мрежи, шири лажни информации за соосновачот на „Мајкрософт,“ Бил Гејтс, инсинуирајќи дека тој „очекува 700.000 жртви како последица на вакцинацијата“. Мултимилијардерот, кој инвестира во развојот и производството на вакцини против коронавирусот, никогаш не го изјавил ова. Во интервју за CNBC од 9 април минатата година, тој ги потврдува напорите за изнаоѓање на безбедна  вакцина, која ќе биде ефикасна и за постарите лица, без нуспојави и само хипотетички наведува дека ако има несакани реакции кај еден на 10.000,...

Continue reading

Лага е дека од септември децата во училиштата тајно ќе се вакцинираат

Post Views: 8 Од Министерството за здравство велат дека се невистинити информациите оти од септември се подготвува тајна вакцинација на децата во училиштата. Оттаму нагласуваат дека лица постари од 18 години се имунизираат по сопствена волја, а деца од 12-18 годишна возраст исклучиво со согласност од родител. Малолетните лица во земјава се вакцинираат со вакцината од производителот „Фајзер“. Пост на Фејсбук шири невистини дека од септември се планира тајна вакцинација на децата против ковид-19 во училиштата, како и дека вакцините содржат отров. Двете инфромации не се точни. 19.08.2021...

Continue reading

Видеоматеријал на Фејсбук дезинформира дека спајк протеинот во вакцината е опасен и предизвикува смрт

Post Views: 1 Tврдењата за опасноста на спајк протеинот и неговата поврзаност со вакцината, изнесени во видеоматеријалот што се споделува во оваа објава, ги оценуваме како невистинити. Голем број медицински извори укажуваат дека спајк протеинот во вакцината не е ист како тој на коронавирусот и истиот е во многу мали количества, а телото го отстранува без последици откако ќе се создаде имун одговор. Во објавата погрешно се интерпретира научна студија. Според коавторот на студијата, присуството на минорни количества спајк протеин не значи дека мРНК вакцините имаат потенцијал да предизвикаат...

Continue reading

Не е точно тврдењето дека ниедна телевизија не објавила за протестот против ковид мерките

Post Views: 1 Фејсбук пост тврди дека ниедна телевизија не известила за протестот што во недела (15. август 2021) се одржа во центарот на Скопје, како и во неколку други градови. „Срам за нивната (на медиумите н.з.) објективност“, пишува во постот кој има педесетина коментари и 11 споделувања. Во коментарите продолжуваат нападите, а еден од коментарите гласи: „Тие се платени ковид портали за перење на мозокот на луѓето…работат за сатаната “. Понатаму се предлага да се бојкотираат и да се блокираат ТВ станиците, а се споделува и новосоздадена Фејсбук група насловена како „Бојкот на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top