Ознака: дека

Пензионирани патолози шират неосновани тврдења дека вакцините против ковид-19 содржат чипови

Post Views: 1 На таканаречената „Патолошка конференција“, се шират неосновани тврдења за вакцинацијата против ковид-19. Професионалните здруженија за патологија се дистанцираат од изјавите и наводите на пензионираните патолози и ги отфрлаат како „научно неосновани“. Некои од наодите се погрешно протолкувани, а нејасно е од каде потекнуваат органите чијашто обдукција наводно била направена и истата била презентирана. Нема цврсти докази дека во вакцините биле пронајдени метални предмети како чипови. Пост на Фејсбук шири дезинформации дека со вакцините против ковид-19 се вградува чип...

Continue reading

Вакцините функционираат, никој не тврди дека се 100 отсто ефикасни

Post Views: 3 И невакцинираните и вакцинираните можат да заболат и да го пренесат вирусот, со тоа што разликата во исходот од болеста може да биде многу поразлична за овие две групи. Сепак, најголемиот ризик за трансмисија е меѓу невакцинираните, за кои е поверојатно да заболат и да го пренесат вирусот. Ниту една одобрена вакцина против ковид-19 не е 100 отсто ефикасна и тоа досега никој не го тврдел. Делта сојот ја промени, односно ја намали ефикасноста на вакцините, но тие сè уште во најголем број на случаи спречуваат тешка клиничка слика, хоспитализација и смртен исход. Фејсбук објава шири...

Continue reading

Мерко негира дека нелегално гради 5 викендици во Ливадиште

Post Views: 4 Алијанса на Албанците обвинува за изградба на пет викендички во авто кампот Ливадиште, во струшкото село Радожда. Од партијата тврдат дека објектите се градат од страна на градоначалникот на Струга и неговите блиски, на земјиште во сопственост на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).  -Овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако ДУИ го објави своето ребрендирање во зелена партија. Ја повикувам јавно Владата на Северна Македонија веднаш да ја запре оваа нелегална градба,а  инспекторатот и обвинителството да преземат мерки.-повика...

Continue reading

ФДА не рекла дека вакцините убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат

Post Views: 2 Стив Кирш не е вработен во Американската агенција за храна и лекови (ФДА), па оттука и неговите ставови во никој случај не можат да се оценат како ставови на Агенцијата, ниту, пак, може да се каже дека имало превирања во ФДА во врска со квалитетот на вакцините. Кирш не е медицинско лице и неговите наводи не се научно базирани. Тој се повикува на системот ВАЕРС до кој несакани ефекти по вакцинација може да пријави секој. Според тоа, тврдењето во овој пост на Фејсбук, дека ФДА излегла со став оти вакцините против ковид-19 „убиваат повеќе луѓе отколку што спасуваат“ е...

Continue reading

ПЦР тест не покажува дека „лош грип“ е ковид!

Post Views: 0 Наративот во постот што го рецензираме е фиктивна приказна, измислица со која се поистоветуваат ковид и грип, како да се работи за една и иста болест, иако повеќе пати е објаснувано дека ковид има повисока смртност од грипот и за него не постои еден специфичен лек. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто паушално се се говори за ковид-19, која е посебна болест предизвикана од коронавирусот, но во овој пост таа се поистоветува со грипот. Постарите се плашат од ковид, па потоа фаќаат некој лош грип. Лажниот ПЦР тест им кажува дека се позитивни, и одат во болница чувствувајќи...

Continue reading

Нема докази дека во вакцините против ковид има графен оксид, нерѓосувачки челик и алуминиум

Post Views: 2 Во ниту една листа на состојки на вакцините кои се јавно достапни, нема наведено дека содржи графен оксидот, нерѓосувачки челик или друга супстанца. Студијата со која се прави обид да се „поткрепи“ тврдењето дека во фајзеровата вакцина има графен оксид, не е прегледана од медицинската заедница, ниту, пак, е поддржана од Универзитетот во Шпанија, Алмерија. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава, каде се наведени состојките на сите вакцини кои се администрираат во Северна Македонија, нема графен оксид, нерѓосувачки челик, ни алуминиум како состојки во...

Continue reading

Кенеди никогаш не докажал на Врховниот суд дека задолжителната вакцинација треба да се укине

Post Views: 2 Врховниот суд на САД никогаш не одлучил за укинување на задолжителната вакцинација. На веб страницата на највисоката северноамериканска судска институција која ги објавува сите казни, нема одлука за поништување на задолжителната вакцинација. Тврдењето изнесено во текстот дека судската пресуда ја принудила американската Влада да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО), исто така, не е точно. Роберт Ф. Кенеди Jуниор е познат по своите изјави против вакцини, но без научна поддршка. Проверувачите на факти од повеќе светски сервиси, како сервосот...

Continue reading

Лага е дека германски патолог прави 40 обдукции дневно

Post Views: 0 Тврдењето на Ширмахер дека 30 до 40 проценти од луѓето, чии тела ги обдуцирал, починале како последица на вакцината, како што самиот вели, е негова претпоставка. Но, во текстот што го рецензираме тоа е претставено како да е факт. Исто така, во текстот лажно се пумпа бројот на направени обдукции на вакцинирани починати, наместо 40 вкупно, се тврди дека се 40 дневно, за да се создаде погрешна перцепција дека е огромен бројот на починати. Во текстот на германски јазик јасно се кажува дека компликациите на тромбови во мозокот се ретки, но во текстот што го рецензираме се...

Continue reading

Не е точно дека после секое „прскање од авиони“ расте бројот на позитивни на ковид

Post Views: 3 Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во повеќе рецензии...

Continue reading

Нема докази дека петмина од Свети Николе починале или се во тешка состојба поради вакцината

Post Views: 1 Во статистиките на Институтот за јавно здравје за починати од ковид од 1 до 14 септември нема евидентирани лица од Свети Николе на возраст до 45 години. Во овој временски период, на 14 септември поради ковид починал 66 годишен жител на Свети Николе, а на 6 септември 57 годишен човек од истиот град. За последните две недели тоа се единствените два смртни случаи од ковид во овој град. Исто така, никој досега во МАЛМЕД (Агенцијата за лекови и медицински средства која што е задолжена да прима пријави за несакани дејства) не пријавил сериозни последици после вакцинација,...

Continue reading

Не е вистина дека се убиени тројца претседатели зашто се спротивставиле на вакцинацијата во нивните држави

Post Views: 2 Двајца од тројцата претседатели споменати во постот се починати во болница од срцев удар (на Танзанија и Бурунди), а еден е застрелан и убиството не се поврзува ниту со коронавирусот, ниту со вакцинацијата (на Хаити). Така што, тврдењето дека некој ги убил сите тројца за да може во овие земји да се даваат вакцини, го оценуваме како невистина. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека претседателите на Танзанија, на Бурунди и на Хаити починале набрзо после тоа што одбиле да го вакцинираат населението во овие земји. Танзанија, Бурунди и Хаити отворено се спротиставија...

Continue reading

Никој не нуди пари за семејството да потпише дека блискиот починал од ковид

Post Views: 5 Не е вистина дека болниците нудат пари на семејствата за покривање на погребните услуги доколку потпишат дека блискиот починал од ковид. Семејствата немаат право да одлучат од што починал нивниот близок, тоа е работа на лекарите. Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто се тврди дека се ,,нудат пари на семејството, за да потпише дека починатиот починал од корона, иако имал инфаркт”. Според напишаното во постот, наводно, ова се правело за да се напумпаат бројките на починати од вирусот и да се плашат граѓаните. До вчера само се шепотеше дека нудат пари на семејството...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top