Ознака: дека

Лажно се тврди дека цитокинската бура кај пациент настанала поради примена вакцина

Post Views: 2 Тврдењето во постот дека цитокинската бура кај момчето е последица на вакцината е лажно. Младиот човек при прераскажувањето на своето лично искуство на ниту едно место не тврди дека цитокинската бура настанала како последица на вакцина против ковид-19, туку како последица на самата болест ковид-19. И мајката на момчето во друг пост на Фејсбук, во делот на коментарите под постот, кажува дека тој бил вакциниран со една доза „Синовак“ вакцина и непосредно после тоа се заразил од ковид. Рецензираме пост на Фејсбук во којшто личното искуство на млад човек со прележување...

Continue reading

Фејсбук пост со текст од пред една година тврди дека САД го прекинува финансирањето на СЗО

Post Views: 12 Пренесениот пост со принтскрин е коментар на текст објавен на 10 октомври 2020 година, кој тврди дека судот ѝ забранува на американската влада да ја финансира Светската здравствена организација (СЗО). Се работи за одлуката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп да ги повлече САД од членство во СЗО, поради, како што тогаш беше изнесено во јавноста, преголемото влијание на Кина врз работата на СЗО. Меѓутоа, неговиот наследник, Џо Бајден, испрати писмо до  Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш од 20 јануари 2021 година, во кое информира...

Continue reading

Фејсбук објава шири дезинформации дека вакцините ќе бидат забранети и дека е најден „спасоносен“ лек против ковид-19

Post Views: 11 Ниту вакцините ќе бидат укинати и забранети, ниту досега е најден лек кој ќе го уништи коронавирусот, како што се наведува во Фејсбук објавата што ја рецензираме, која е полна со лаги и дезинформации.  ЕУ спроведува Стратегија за терапевтски пристап против ковид-19, со портфолио од 5 терапевтски препарати од кои се очекува најмалку три  да бидат достапни до октомври 2021 година, но засега сè уште се во фаза на евалуација. Сепак, овие терапии се однесуваат исклучиво на протоколите за лекување на заболените и се комплементарни со Стратегијата за вакцини на ЕУ, како координиран...

Continue reading

погребна кола

Лага е дека медицинските лица во Австралија намерно ги убиваат невакцинираните лица заболени од ковид-19

Post Views: 1 Лекот ивермектин во Австралија е забранет за употреба во третманот на болни од ковид-19. Австралискиот регулатор за лекови им дал изрична забрана на медицинските лица во државата да го препишуваат ивермектин како лек за коронавирусот. Оттука е јасно дека овој лек не се користи во болниците во Австралија. Обвинувањата дека во болниците ивермектин им се дава на вакцинирани пациенти со цел да се покаже дека вакцините се ефикасни, а невакцинираните заболени намерно се ставаат на респиратор, како што се тврди во овој пост, се неосновани и без докази. Пост на Фејсбук шири...

Continue reading

Нема докази дека личности од светската елита примиле лажни вакцини против ковид-19

Post Views: 0 Оваа објава ја манипулира јавноста и шири паушални информации на Фејсбук. Тврдењата на психијатарот Алесандро Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и истите не се никаде пријавени. Споделувањето на вакви непроверени информации можат да создадат забуна во јавноста и да предизвикаат паника, особено во услови кога е во тек процесот на вакцинација против ковид-19, како е единствен излез од пандемијата. Пост на Фејсбук (дез)информира дека политичари и вип личности наводно примале лажни...

Continue reading

Не е точно дека Ивермектин предизвикува неплодност кај 85 проценти од мажите!

Post Views: 2 Врз база на стара и нерелвантна студија, претставена како нова, на Фејсбук група е пласирана невистинита објава дека лекот Ивермектин предизвикува неплодност кај огромно мнозинство од машката популација. Рецензираме објава на Фејсбук придружувана од текст, во кој што невистинито се тврди дека лекот Ивермектин предизвикува неплодност кај 85 проценти од мажите. Лекот Ивермектин во земјава е донесен со интервентен увоз. Од Министерството за здравство информираа дека стручна комисија формирана од министерот за здравство изготвила мислењето за лекот Ивермектин и истото е...

Continue reading

Не е вистина дека вакцинацијата е услов за хоспитализација

Post Views: 7 Вакцинацијата не е услов за влез во болница, туку медицинската индикација. Во болниците не се прави разлика дали некој пациент е вакциниран или невакциниран, за да може тој се лекува. Исто така, во Северна Македонија нема вакцини со истечен рок, како што неточно се тврди во постот. Рецензираме пост на Фејсбук во кој е изнесена дезинформација дека не се примаат на болничко лекување, односно за хоспитализација пациенти кои не се вакцинирани против ковид. Во постот се тврди:Дел од репресивните мерки од проектот за да се принуди населението да се вакцинира, е и да НЕ...

Continue reading

Не е точно дека бустер дозата од вакцините предизвикува рак и ХИВ

Post Views: 4 Вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. Тоа го пишуваат и проверувачите на факти на Ју Ес Еј тудеј. Што се однесува до тврдењето дека ХИВ позитивноста „експлодира” преку мРНК вакцината, проверувачите на факти на Ројтерс, веќе го имаат побиено ова тврдење преку изјави од повеќе медицински експерти. Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека по примена бустер доза доктор Џејн Руби алармира дека експлодира ракот и позитивноста на ХИВ преку мРНК инјекцијата интегрирана во нашата ДНК. Во состав...

Continue reading

Невистина е дека Данска ќе го води ковид „како обичен грип”

Post Views: 2 Целосна дезинформација е дека Данска ќе ги укине рестриктивните мерки затоа што ковид-19 ќе го смета како грип. Голем дел од мерките се олабавуваат поради високото ниво на вакцинирано население од 71 отсто. Во медиумиите се појавија тврдења во кои се вели дека од 10 септември Данска ги укинува мерките и ќе го води ковид како да е обичен грип. Слични написи се појавија и кога станува збор за Норвешка. Ваквите написи главно се преземаат од медиумите во Србија (овде и овде), но понекогаш и директно од западните портали за ширење дезинформации. Написот кој е предмет на...

Continue reading

Лага е дека вакцинираните се причината поради која вирусот мутира

Post Views: 3 Два неспорни факти зборуваат спротивно од тврдењето на научникот што се залага за драстично намален обем на вакцинација од она што сега се прави во светот. Првиот е Малоун се пласира како изумител на вакцините што користат нови платформи и технологија, а не е, вториот е бројките од статистичките податоци и студиите не се совпаѓаат со тврдењата на Малоун. Придобивките од вакцините се гледаат од бројот на хоспитализираните и починати меѓу вакцинираните. Рецензираме објава на Фејсбук, во која е споделено видео од интервју на Роберт Малоун, човек за кој се тврди дека пред...

Continue reading

Не е точно дека децата не заболуваат од ковид

Post Views: 6 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека децата не се заразуваат со ковид. Авторот на постот прашува како може децата да се тестираат и да носат маски, кога „воопшто не фаќаат ковид“. Ова не е точно. И во земјава и во светот, децата се разболуваат од ковид-19. Харвард објавува дека децата, вклучително и тие на многу мала возраст, може да развијат ковид-19. Многумина од нив немаат симптоми, но тие што се болни, можат да имаат благи симптоми како температура, замор и кашлица. Некои деца имаат сериозни компликации, но ова е поретко. Децата со коморбидитети може...

Continue reading

Лага е дека австралиските деца позитивни на ковид-19 се одвојуваат од родителите

Post Views: 1 Рецензираме пост на Фејсбук кој е прилично вирален на социјалните мрежи. Станува збор за видео од Австралија за кое се тврди дека прикажува како полицијата насила одзема дете од таткото, бидејќи било тестирано позитивно на коронавирусот.Австралија продолжува да ме потсеќа на што ни доага овде аако не се спротивставиме- дете тестирсано позитивно и насила е земено од родителите… Meanwhile in Australia… Children testing positive for covid are forcibly separated from their parents, се вели во постот кој го анализираме.Ваквите информации не се точни, а демант стигна...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top