Ознака: дека

Координативното тело на кинолошки одгледувачи сметаат дека измените на Предлог законот за заштита и благосостојба на животните се неприфатливи и штетни

Post Views: 3 Координативното тело на кинолошки одгледувачи, излагачи и одговорни сопственици на расни кучиња како директно засегната страна во дел од предложените законски решенија со Предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните поднесен од група пратеници по иницијатива на здруженијата за заштита на животните, чувствува обврска да истапи и да се произнесе во врска истите. Во соопштението испратено до медиумите стои: „Сметаме дека дел од предложените законски решенија се неадекватни, неприфатливи и штетни што се однесува до благосостојбата...

Continue reading

Британските научници не кажале дека вакцините не даваат имунитет

Post Views: 7 Со намерно испуштање на клучни зборови и дополнителни информации, објавата ја доведува во заблуда јавноста дека вакцините не даваат никаков имунолошки одговор на ковид-19 и дека „џабе“ е вакцинирањето. Британските научници, предводени од шефот на Оксфордската група за вакцини Ендрју Полард никогаш не кажале дека вакцините не даваат имунититет и дека не треба да се аплицираат, туку, напротив, ја потенцираат нивната ефикасност, особено сега кога има масовно ширење на делта варијантата. Полард само предупредува дека вакцинираните може да бидат заразени со делта сојот со...

Continue reading

Лага е дека коронавирусот е контролиран од 5Г мрежата преку вакцините

Post Views: 3 На ,,Фејсбук“ се споделува пост којшто ја дезинформира јавноста дека со вакцинацијата против ковид-19 се вбризгува метален прав и со помош на 5Г мрежата се потикнува нов ковид бран. Во составот на вакцините против ковид нема метали. Пандемијата со ковид-19 ниту е причинета од 5Г мрежата, ниту, пак, има каква било поврзаност меѓу вирусот и оваа мобилна технологија. Иако, оваа информација  ја потврдија сите релевантни институции, вклучително и СЗО, сепак и понатаму низ социјалнтие мрежи се шират лажни вести и теории на заговор кои ја доведуваат во заблуда јавноста дека...

Continue reading

Лажно се имплицира дека смртта на 49 годишна жена од Куманово има врска со вакцината

Post Views: 10 Пациентката на возраст од 49 години починала како последица на коронавирусот, а не поради вакцината, иако била вакцинирана со 1 доза. Тоа што некој се вакцинирал со една доза, не значи дека неговото тело создало имунитет и дека е отпорен на заразување. За да се создаде имунитет потребна е втора доза, но и да помине одреден временски период од нејзиното примање, којшто е различен за секој производител на вакцина. Постот манипулира на тој начин што селективно ги прикажува податоците и ги вади од контекст. За таа цел намерно не е наведено дека пациентката починала од...

Continue reading

Антидатирана објава на Фејсбук манипулира дека вирусот бил предвиден пред 12 години

Post Views: 3 Овој пост се прикажува како дека е објавен на 29 јули 2009 година, а всушност е објавен на 29 јули оваа година. Вистинскиот датум на објавата се гледа веднаш под името на тој што ја објавил, на знакчето што изгледа како часовник. Освен манипулацијата со датум на објавата, статусот е проблематичен и затоа што изнесува еден куп лажни податоци за коронавирусот и за вакцините. Со лажните информации во комбинација со наводно предвидување на вирусот, се цели кон постигнување на лажна слика за овој вирус и неговата опасност како и одвлекување на граѓаните од процесот на вакцинација. Вирално...

Continue reading

Нема докази дека вакцините предизвикуваат згрутчување на крвта

Post Views: 2 Ваквите тези за редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), пријавен пролетта во неколку земји, беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Но, вкупната стапка на случаи на згрутчување на крвта не е зголемена во земјите кои широко ја користеле вакцината „АстраЗенека“. Како што објави Европската агенција за лекови во почетокот на март годинава, „само 22 случаи на тромбоза се пријавени за повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд“. Згрутчување на крвта често се случува во населението, така што...

Continue reading

Дезинформација е дека вакцините се извор на мутанти и болести

Post Views: 1 Дека вакцините се извор на мутанти и болести е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди ваквите антиваксерски тврдења. Она што е факт е дека ниту една од одобрените вакцини не содржи жив вирус што предизвикува ковид-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи со ковид-19, како што тврди постот. Вакцината е најмоќното оружје во борбата против овој вирус. Повеќе вакцинирани лица не само што значи повеќе заштитени лица, туку и помалку шанси за мутации на вирусот и формирање на некоја варијанта којашто...

Continue reading

Постот дезинформира дека ковид вакцините ќе доведат до нова варијанта што ќе убие 35 проценти од луѓето

Post Views: 4 Во документот линкуван во постот се изнесени четири хипотетички сценарија за иднината на пандемијата со коронавирусот кои се однесуваат на самиот вирус. Во првото сценарио се споменува бројката што се посочува во постот, но, пишува дека ова хипотетичко сценарио би се случило како резултат на нова мутација на коронавирусот, а не на вакцината, како што лажно се тврди во оваа објава на Фејсбук. Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека Комисијата за заразни болести на Велика Британија до владата на оваа земја испратила документ во којшто, наводно, се ,,признава”...

Continue reading

Лага е дека Израел почнува со чипирање на децата

Post Views: 0 Објава на Фејсбук споделува видео во кое има изјава на Бенџамин Нетанјаху, поранешен премиер на Израел, дадена пред една година, претставувајќи ја како нова и лажно тврди дека Нетанјаху бил за чипирање на децата. Но, тој никаде не спомнува чипови за деца, туку само вели сензори кои ќе алармираат доколку децата се приближат на помало растојание од два метра, колку што е потребно со цел да се избегне пренос на коронавирусот.  Нетанјаху самиот ја демантирал веста за тоа дека наводно бил за чипирање на децата, откако истата ја објавил веб-порталот „Инет“, пренесе „Јерусалим...

Continue reading

Нејасно видео шири дезинформации дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид

Post Views: 7 Пост на Фејсбук неосновано тврди дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид. Постот е придружен со видео за кое се тврди дека прикажува снимка на бели дробови од лице вакцинирано против ковид, а во кои е најдено присуство на графен оксид. Ужас… Графен оксид во белите дробови на „вакциниран“ човек со наводните „вакцини“ против наводниот корона вирус – ковид-19“, се вели во постот што го анализираме. Видеото под постот на кое наводно се гледа снимка бели дробови е нејасно, односно нема информации кога и каде е направена снимката и за кој пациент станува збор....

Continue reading

Не е вистина дека има поголем број на новозаразени од лани ова време

Post Views: 14 Бројот на новозаболени сега не е поголем отколку минатата година во истото време. Ако се споредат двата периода се доаѓа до заклучок дека оваа година имало речиси двојно помал број на новозаразени на речиси четирипати поголем број на тестирања. Преку Фејсбук објава се тврди дека истиот овој период минатата година имало помал број на новозаболени со коронавирусот отколку сега. Ова не е вистина. Објавата се состои од фото исечок од медиумски напис на порталот Инфомакс со наслов: „Повеќе новозаразени отколку лани ова време“. Притоа, во објавата се прави инсинуација дека...

Continue reading

Нема докази дека млад Французин починал од вакцината – обдукцијата не е завршена

Post Views: 2 Во моментот на објавување на постот што го рецензираме, врската меѓу вакцината и смртта на момчето не е воспоставена. За случајот има обдукција, меѓутоа таа не е завршена и резултатите не се познати. Поради тоа, не е точно тврдењето дека резултатите од обдукцијата покажале дека станува збор за смрт како последица на вакцината. Исто така, француските медиуми објавуваат дека младиот човек бил вакциниран повеќе од 9 часа пред да доживее алергија, а непосредно пред анафилактичниот шок во ресторан јадел храна за која било познато дека е алергичен. Рецензираме пост на Фејсбук,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top