Ознака: дека

70% вакцинирани заболеле од ковид во Израел

Post Views: 15 Рецензираме пост на Фејсбук во кој лажно се изнесени статистики во однос на процентот на заразени од вакцинирани во Израел. Во постот е изнесено тврдење дека 70 проценти од вакцинираните во Израел се заразиле со коронавирусот, без да се прецизира на кој период се мисли, во која временска рамка се заболените, со колку дози се вакцинирани тие што авторот ги смета за вакцинирани и така натаму. Во Израел 70 проценти од вакцинираните заболеа. А се што требаше да направат е да останеа такви какви што Бог ги беше створил. Министерството за здравство на Израел на својата веб-страница...

Continue reading

Лага е дека вакцината против ковид-19 била создадена пред појавата на пандемијата

Post Views: 2 Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека вакцината против ковид-19 била создадена пред вирусот да биде јавно познат. Јасно ви е дека вакцината е создадена пред вирусот да биде јавно познат. Ова ја објаснува и брзината со која што дојде тој „лек“. Причината поради која не беше објавена порано, беа сложеноста на договорите и уверувањата што им беа потребни на фармацевтските компании од владите за да се откажат од нивната одговорност во однос на одговорноста, се вели во постот. Ваквото тврдење не е точно. Вирусот ковид-19 беше идентификуван од кинеските власти на...

Continue reading

Не е точно дека никој во „Фајзер“ и „Бионтек“ не се вакцинирал против ковид

Post Views: 4 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека основачот на „Бионтек“, (компанијата која заеднички со „Фајзер“ ја создаде мРНК вакцината), Угур Сахин, наводно, изјавил дека никој од вработените во компанијата не ја примил вакцината. Во постот уште се вели дека „никој во „Фајзер“ не го примил сопствениот производ“ (вакцината н.з.), притоа се наведува и дека: Сите луѓе што се запознаени со содржината на боцките, односно наводните вакцини против наводниот коронавирус ковид-19, а особено вработените кои ги произведуваат истите боцки, како и сите политичари, лекари, новинари…...

Continue reading

Жители се жалат дека ул. Марко Цепенков стана паркинг простор

Post Views: 7 Улицата Марко Цепенков која се наоѓа во населбата Видобишта стана паркинг простор, реагираат жителите. Тие преку рубриката „Ти си твојот град“ бараат одговор од надлежните во врска со нивниот проблем. Ова е нивниот коментар. -Ме интересира дали можете да дојдете до информација во врска со улицата „Марко Цепенков” во месноста Видобишта, дали истата откако беше реконструирана дел од неа беше предвиден за паркинг простор или можеби да проверите дали надлежноста на сообраќајната полиција од Охрид не се протега до Видобишта, можеби СВР Охрид нема надлежност надвор од...

Continue reading

Не е точно дека се зголемил бројот на фудбалери што колабирале од срцеви проблеми на стадионите

Post Views: 0 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се прави обид да се создаде импресија дека по почетокот на вакцинацијата против ковид 19, бројот на фудбалери во светот кои почнале да доживуваат срцеви удари и колапси на терените на светските стадиони, почнал нагло да расте, споредено со периодот претходно. Алузијата која се прави обид да се протне, е дека самата вакцинација може да биде причинител за повисок број на вакви компликации кај фудбалерите. Во постот има линк до напис во кој се кажува дека бројот на фудбалери кои доживеале срцеви компликации пораснал за 6.400 проценти...

Continue reading

Не е вистина дека најсилниот човек на светот е убиен со вакцина

Post Views: 9 Целото тврдење дека вакцината го убила Данецот Џорџ Олесен е манипулација. Да, тој бил вакциниран, но во постот е испуштено да се каже дека се соочувал со други здравствени проблеми повеќе години наназад. Исто така, Олесен не е сегашен, туку поранешен најсилен човек на светот. Кога починал имал 60 години, а дански шампион во супертешка категорија во кревање тегови станал во 1983 година. Објава на Фејсбук објава тврди дека наводно најсилниот човек на светот, Џорџ Олесен од Данска, починал поради примена вакцина. Вака споделена информацијата, на која ѝ недостасува соодветен...

Continue reading

Шведски лекар лажно тврди дека вакцината на „Фајзер“ содржи живи микроорганизми

Post Views: 15 Во видеото споделено во постот, шведскиот лекар д-р Енби, кому му била одземена медицинската лиценца во 2007 година,  прикажува фотографии на својот компјутер за кои тврди дека се микроскопски приказ на вакцината „Фајзер“,  а честичките што се движат на екранот, наводно, се живи микроорганизми. Составот на вакцината на „Фајзер“ е јавно достапен и може да се види дека вакцината не содржи живи организми, туку само хемиски компоненти кои го поттикнуваат човечкото тело да произведува антитела против ковид-19. Д-р Амеш Адаља, виш научник во Центарот за здравствена безбедност...

Continue reading

Не е точно дека вакцинираните имаат 99 проценти шанса да заболат од ковид

Post Views: 1 Невистинито е тврдењето во постот дека ефикасноста на вакцините е само околу 1 процент зависно од производителот и дека шансите да заболите од ковид, ако сте вакцинирани се 99 проценти. Релативното и апсолутното намалување на ризикот се два параметри кои се калкулираат на различен начин. Во поглед на тоа како вакцината ја афектира популацијата, овие две мерки се комплементарни (значи се надополнуваат), а не контрадикторни (значи не се спротивставени една на друга). Во постот што го рецензираме, а којшто е споделен на Фејсбук, преку неправилна интерпретација на два параметри...

Continue reading

Не е точно дека вакцините од некои серии предизвикуваат поголема смртност отколку други серии

Post Views: 8 Ограничувањата на ВАЕРС системот се тоа што нема невакцинирана група за споредба, не може да искалкулира колку често несаканите ефекти се случуваат, и генерално не може да утврди дали вакцината го предизвикала несаканиот ефект. Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека вакцините против ковид-19 се „отровни“. Ваквиот заклучок, авторката на објавата го темели на системот за пријавување несакани ефекти од вакцините во САД, ВАЕРС, каде што буквално секој може да пријави несакан ефект, вклучително и смрт, без притоа да има доказ за причинско-последична...

Continue reading

Не е точно дека во ковид болниците се убиваат здрави луѓе

Post Views: 3 Според анализите на Министерството за здрваство, починатите од ковид-19 имале повеќе комбинирани хронични заболувања, така што не биле ,,здрави” како што лажно се тврди во овој пост. Медицинските белешки, историјата на лекувањето на пациентите во здравствениот систем, со години наназад се следи во досие кое е електронско. Секојпат кога лекарот ќе го испише матичниот број на пациентот, во компјутерскиот систем може да пристапи до неговите поранешни состојби, коморбидитети, причините поради кои во минатото барал лекарска интервенција. Исто така, самата хоспитализација...

Continue reading

Дезинформација е дека скринингот на учениците е вовед во присилна вакцинација на децата

Post Views: 11 Постот што го анализираме шири дезинформации. Тврдењето дека децата насилно ќе бидат вакцинирани е неосновано и без никакви докази. Вакцинацијата на децата е доброволна и исклучиво со одобрение на родителите. Пост на Фејсбук тврди дека скринингот, кој се спроведува во училиштата за откривање на евентуални асимптоматски случаи на заразени со ковид-19, е само вовед во присилното вакцинирање на децата. Ова не е точно. Дојде ред удрија по децата, оваа е предвремена проба за она што доаѓа после неколку Фази, насилно Вакцинирање на Децата. Фашизмот и по падот, продолжува...

Continue reading

Со селективно споделување на делови од студија се фрла сомнеж дека ковид скринингот е опасен

Post Views: 13 Овој Фејсбук пост е типичен пример за недостиг контекст (missing context). Тој пренесува содржина со намерно изоставување на важни информации, а крајната цел е да дезинформира и да ја потврди тезата дека земањето брисеви на школските деца, може да донесе компликации, па дури и да е опасно по живот. Студијата споделена во постот навистина известува за последиците, но во објавата е пропуштено да се каже клучното од оваа студија, дека „фреквенцијата на компликации е исклучително мала“. Пред почеткот на најавениот скрининг кај учениците, пост на Фејсбук ги повикува родителите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top