Откриена уште една тајна за Хитлер

Најнови документи во врска со нацистичкиот водач

 |  инфодеск  | 

Страницата која содржи попис на населението во Англија покажала дека полубратот на Хитлер, Alois Hitler, живеел во улицата Merseyside во Ливерпул со сопругата Bridget и новородениот син во 1911 година. Најновите документи покажале дека Alois Hitler живеел во Ливерпул, во куќа која подоцна е бомбардирана од нацистичките сили, а денес тоа е напуштена ливада.

Во документацијата, од досега непознати причини, Alois се потпишувал како Anton. Кога во 1910 година Alois ја запознал Bridget Elizabet Dowling, на коњички натпревар во Даблин, се заљубиле и избегале од нејзините родители во Лондон каде и се венчале во 1910 година.

Овој досега необјавен документ го открилa интернет страницата find my past. Кога во 1914 година Alois Hitler се вратил во Германија таму се оженил со друга жена, а подоцна судовите го гонеле за полигамија.

Британските агенти на крајот од Втората светска војна го уапсиле, но го пуштиле кога сфатиле дека тој никогаш не пристапил на нацистичката партија. Умрел во 1956 година во 75 година од својот живот.

Адолф Хитлер имал и полусестра Ангела, постари браќа Ото и Густав, постара сестра Ида, помлада сестра Паула и помлад брат Едмунд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top