Ознака: вода

Нуркачите од „Акватек“ 2022 година ја дочекаа под вода

Post Views: 0 Новата 2022 година нуркачите од „Акватек“ ја дочекаа под вода. Го дочекавме огнометот, чукна 00:01 и зануркавме. Нуркањето траеше 40 минути на температура од 8°С. Целта беше да пратиме порака за максимална заштита на езерото, а воопшто и водите во Македонија. Чувајте ја водата, живот е. Во иднина сакаме прослава без огномет, без барут. Денес имаме толку многу развиена технологија што одма може да се најде соодветна замена за истиот. Треба да имаме поголема почит кон животните и животната средина, вели Никола Паскали. Подводниот еко Дедо Мраз и годинава со голема еколошка...

Continue reading

Делови од Охрид денес извесно време без вода

Post Views: 4 Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Кленоец“ до 13:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во населбата „Црногорци“, Горно Лакочереј и на дел од село Лескоец, информираат од охридски Водовод. Нивни екипи се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот.

Continue reading

Со пумпи за вода ќе се спасува плашицата во каналот од угинување

Post Views: 1 Во каналот Студенчишта се случува помор на плашица.  Дваесет тони риба која е влезена во каналот за да презими, може да останат заробени и да угинат поради недостаток на кислород како последица на намаленото ниво на езерото. Состојбата е загрижувачка велат од Хидробиолошкиот завод. „Веќе се известени локалните власти, и заедно со надлежните служби односно ЈП Водовод, ЈП Нискоградба ќе се набават црпни пумпи за вода и ќе се постават по должината на каналот и ќе овозможат аерација односно распрснување на површината на водата. “- изјави Елизабета Велјановска Сарафилоска...

Continue reading

Селото Пештани утре без вода

Post Views: 1 Жителите на село Пештани утре ќе бидат без вода. Од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод Охрид информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа, утре, 2-ри октомври, во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во ова охридско село.

Continue reading

Жителите од неколку охридски улици утре без вода

Post Views: 5 Поради интервенција на водоводната мрежа, жителите од неколку охридски улици утре ќе бидат без вода. Како што информираат од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод – Охрид, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „Димитар Влахов“, „Славеј Планина“ дел од булевар „Туристичка“ и дел од „Партизанска“.

Continue reading

Во станбен комплекс на улицата Ѓорче Петров два месеци истекува вода за пиење

Post Views: 7 На улицата Ѓорче Петров, во станбениот комплекс скоро два месеци истекува вода за пиење и ги поплавува јавните површини околу зградите, реагираат станарите. Тие барале од Проаква да го решат проблемот. Директорот на МЈП Проаква, Владимир Алексијески потврдува дека во населбата имаат проблем со пукната цевка. Нивните служби детектирале дека станува збор за пукната цевка во деловен објект кој се наоѓа после нивното контролно водоводно броило. Директорот кажува дека во два наврати службите реагирале да се сопре излевањето на вода за пиење, но еден од сопствениците на деловните...

Continue reading

Охрид и Поградец добија опрема за центрите за спасување на вода и планина

Post Views: 0 Презентирана опремата за дејствување на двата Центри во Охрид и Поградец за спасување на планина и на вода. Опремата за брзи интервенции во ризични ситуации е добиена од фондовите на ЕУ како заеднички проект за прекугранична соработка на двете држави. Овој проект на меѓусоседска соработка ги собра во Охрид, политичарите на локалните и државните институиции, организациите на ЦК од двете соседни држави, апликанти на проектот и раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија. Развојот на овие региони се наоѓа во срцето на принципите на ЕУ, рече...

Continue reading

Лесковчани реагираат на недостаток од вода за пиење од водоводната мрежа

Post Views: 1 Лесковчани се жалат дека во делови од населбата во овие летни денови се без доволни количини од вода за пиење. Од Проаква признаваат дека има проблем со водоснабдувањето во село Лескоец. Тоа се должи на изградбата на фекалната канализација во должина од 400 метри на улицата 15 -ти Корпус, проект на Локалната  самоуправа, а на истата линија поминува и водоводната мрежа, информира Владимир Алексијески директор на МЈП Проаква. „Заради дотраеност на таа цевка со потресите за време на работата се јавуваат дефекти кои ние секој ден ги санираме. Вршиме обнова на тие цевки со...

Continue reading

strugamuzej

Музејот на вода во Струга, ќе почека

Post Views: 0 Реализацијата на проектот „Изградба на музеј на вода“, во Струга ќе почека. Музејот на вода беше предвидено да се подигне на истекот од реката Црн Дрим од Охридското езеро. Како што е добро познато министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска на почетокот на јули месец минатата година најави дека  на тоа место било предвидено да се возобнови наколната населба по примерот на онаа од Заливот на коските во Охрид, како и за археолошкиот локалитет Врбник кои датираат од железното време и во кои според направените истражувања биле пронајдени голем број артефакти. Но...

Continue reading

Нема повеќе паушално плаќање и аконтација за потрошена вода

Post Views: 20 Нема повеќе паушално плаќање и аконтација за потрошена вода. МЈП „Проаква“ од неодамна отпочна со реализација на нов проект, односно на сите водомери ќе бидат монтирани картички со бар кодови. Со еден ваков проект првиот човек на водоводното претпријатие Владимир Алексијоски смета дека ќе ги реши сите проблеми кои досега се јавуваа со паушалното и аконтативно плаќање на потрошена вода. „Согледувајќи ги досегашните аномалии во врска со внесувањето на состојбите на броилата од потрошувачите, одлучивме да воведеме новина а тоа е поставување бар кодови на самите броила...

Continue reading

Поплави во Хрватска, Карловац под вода

Post Views: 0 Водостојот на реките Купа и Корана ги преминаа прогнозираните висини и за двете реки е на сила вонредна состојба. Штабот за заштита и спасување на Карловац заседава, се координира помошта за луѓето, а сите расположливи средства и луѓе се на терен. Медиумите јавуваат дека најмалку 300 куќи се под вода, и како што неофицијално се дознава поплавата се заканува на уште стотина куќи. Градоначалникот на Карловац, Дамир Јелиќ, по седницата на штабот за заштита и спасување ги критикувал прогнозите кои ги даваат државните институции задолжени за оваа област, бидејќи како што...

Continue reading

Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода

Post Views: 1 Охриѓани револтирани реагираат дека вчера повеќе од 24 часа останаа без вода. МЈП „Проаква“ поради чистење на водоводната мрежа и резервоарите и сервисирање на шиберни шахти и санација на индустриски броила, едно деноноќие го прекина водоснабдувањето на градот. За тоа уште пред една недела ги извести граѓаните, но во соопштението до јавноста беше наведено дека водата ќе биде пуштена до вчера до 19 часот, а вода граѓаните добија со задоцнување од пет и повеќе часа. Во текот на акцијата се соочивме со проблем на главниот доводен цевковод од 700милиметри кој доаѓа од пумпната...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top