Со пумпи за вода ќе се спасува плашицата во каналот од угинување

Студенчишки канал побелен од угинати плашици. Се случува помор на рибата која во овој период во каналот влегува во огромни количини за да презими.  Поради нискиот водостој наскоро може да се случи помор на десетици тони плашица поради недостаток на кислород. Надлежните изминатиов период беа повикувани и од екологистите и од локалната самоуправа итно превентивно да делуваат како би се спречила еколошка катастрофа.

 |   | 

Во каналот Студенчишта се случува помор на плашица.  Дваесет тони риба која е влезена во каналот за да презими, може да останат заробени и да угинат поради недостаток на кислород како последица на намаленото ниво на езерото. Состојбата е загрижувачка велат од Хидробиолошкиот завод.

„Веќе се известени локалните власти, и заедно со надлежните служби односно ЈП Водовод, ЈП Нискоградба ќе се набават црпни пумпи за вода и ќе се постават по должината на каналот и ќе овозможат аерација односно распрснување на површината на водата. “- изјави Елизабета Велјановска Сарафилоска – Директор ЈНУ Хидробиолошки завод- Охрид

Екологистите предупредуваа дека доколку продолжи опаѓањето на нивото на езерото, може да се случи еколошка катастрофа во Студенчишкиот канал. Сега велат дека поморот започна а може да се случи нешто уште пострашно. Ова е угината риба во слободна проценка околу 500 кг која во наредниот период ќе почне да се распаѓа и да предизвикува промена на микробиолошкиот квалитет на водата во каналот, вели проф. д-р Трајче Талевски.  Една од причините за ова што денес се случува во каналот е неизловувањето на плашицата и неодговорното управување со водостојот на Охридско Езеро.

„Според риболовните основи концесионерот требаше да лови од 50 до 100 тони плашица, тој во изминативе 5-6 години не излови ниту еден килограм што значи количината на оваа риба е многу зголемена. Втор виновник, ако може така да се каже е Водостопанство односно хидроцентралите Црн Дрим затоа што и покрај укажувањата дека има голема количина плашица влезена на презимување во каналот и секое намалување на нивото на езерото претставува опасност за нејзино преживување “- вели  д-р Талевски.

Рибарите кај каналот мртвата риба ја собираа со кепчиња. Велат дека се случува угинување на плашицата во овој период но олкава количина риба во налот не паметат.

„ Ова се случува ога нема вода доволно , кога се отвора испустот на Дрим и кога нема дождови и нема кислород за рибата. Оваа година има најмногу плашица ама нема вода. “

За нискиот водостој  пред  една недела алармираше и општина Охрид испраќајки допис до надлежните министерства барајќи итни мерки. Тогаш ЈП „Водовод“ на барање на локалната ги исклучи пумпите со кои се зема вода за пиење од каптажата „Билјанини Извори“ и истата ја пренасочи преку Хидробиолошки во каналот „Студечишта“ за дотур на свежа вода и за да се зголеми нивото на вода и количеството на кислород. Но тоа се покажа како недоволно.
Нивото на Охридското Езеро подолг период е на минимално дозволената кота.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top