Музејот на вода во Струга, ќе почека

Работите околу изградбата на Музејот на вода во Струга, тапкаат во место. Единствено оптимистичките најави на Министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска, влеват надеж дека сепак големото значење на археолошкиот локалитет на устието на Дрим, ќе излезе пред очите на јавноста и ќе биде сведоштво за некогашното наколно живеалиште кое постоело тука, за што зборуваат бројните артефакти, кои се пронајдени.

 |  Николоска Биљана  | 
strugamuzej
стругамузеј

strugamuzejРеализацијата на проектот „Изградба на музеј на вода“, во Струга ќе почека. Музејот на вода беше предвидено да се подигне на истекот од реката Црн Дрим од Охридското езеро. Како што е добро познато министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска на почетокот на јули месец минатата година најави дека  на тоа место било предвидено да се возобнови наколната населба по примерот на онаа од Заливот на коските во Охрид, како и за археолошкиот локалитет Врбник кои датираат од железното време и во кои според направените истражувања биле пронајдени голем број артефакти. Но работите очигледно не тргнаа во посакуваната насока.

„Знаете ние застанавме зад тој проект и мислам како што се реализираше проектот за реконструкција на наколната населба во Охрид согласно анализите, сондажите, истражувањата и во Струга има уште подобра можност да се направи реконструкција на наколна насеба која што и постоела така да во секој случај сите овие правди, процедурии т. н мислам дека ќе треба да се завршат од страна на општината се со цел да можеме да настапиме со реализација на тој проект“.

strugamuzejМинистерката уште тогаш најави дека струшкиот музеј треба да е носител на целокупниот проект. На ова прашање дилема постои и кај Д-р Сашо Цветкоски, директорот на Муејот „Д-р Никола Незлобински.  Цветкоски неодамна изјави дека институциите воопшто немаат никаква координација за да реагираат пред очи на она што сега таму се случува.

„Ние овде очигледно дека имаме една прекината комуникација една колизија меѓу она што треба да се прави и тоа што се прави на лице место. Па најдрастичен пример е кога на самиот локалитет на устието на реката Црн Дрим се поднесува дивоградба да се легализира, а сите можни забрани ги има“.

Овој локалитет за прв пат бил истражуван пред цели педесет години. Според министерката Милеска главна цел на изградбата на музејот на вода, кој треба да е изграден на местото на утоката на Црн Дрим е целосна презентација на наколните живеалишта и се што ќе се најде во тие подводни истражувања да бидат изложени во музејот на вода. Според досегашните истражувања станува збор за наоди од 8 и 7, но и од 5 ти век пред нашата ера.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top