Нуркачите од „Акватек“ 2022 година ја дочекаа под вода

Новата 2022 година нуркачите од „Акватек“ ја дочекаа под вода.

 |   | 

Новата 2022 година нуркачите од „Акватек“ ја дочекаа под вода.

Го дочекавме огнометот, чукна 00:01 и зануркавме. Нуркањето траеше 40 минути на температура од 8°С. Целта беше да пратиме порака за максимална заштита на езерото, а воопшто и водите во Македонија. Чувајте ја водата, живот е. Во иднина сакаме прослава без огномет, без барут. Денес имаме толку многу развиена технологија што одма може да се најде соодветна замена за истиот. Треба да имаме поголема почит кон животните и животната средина, вели Никола Паскали.

Подводниот еко Дедо Мраз и годинава со голема еколошка акција за чистење на Охридското езеро.

„Време е да се престане со производство на пластика за еднократна употреба за да се намали загадувањето на природата“, тоа е пораката на крајот од годинава која ја испрати нуркачот Никола Паскали.

Најголем дел од акциите ги вршиме во Стариот дел на градот, на потегот од пристаништто до плажа Канео. Овој пат немавме погабаритен цврст отпад, но имавме секаков вид на најлони, најразлини амбалажи од прехрамбени производи, пластика. Секаков вид на отпад што може човекот да го користи својот живот – вели Никола Паскали од Акватек. 

Нуркачите од клубот „Акватек“ деновиве извршија четири еко акции кои траат по 70 минути. На секоја еко подводна акција извадија по четири вреќи цврст отпад.

Традиционално за Новогодишните празници еко Дедо Мразот од Акватек веќе десетта година. Претходно беше Ботом тајм сега веќе пет години е Акватек, така да традицијата е вкупно десет години. Во иднина се надеваме, сега со ковид ситуацијата не можеме да го правиме помасовно да покануваме и други нуркачи, но во иднина се надеваме дека ќе можеме помасовно да излеземе 20 или 30 и поголем број на нуркачи и други активисти кои може да помогнат – додава Паскали.

Според нуркачите Охридското езеро е полно со отпад и затоа апелираат граѓаните совесно да се однесуваат да не одлагаат отпад и да не го загадуваат езерото.

Апелираме да не се фрла отпад. Бидејки отпадот кој се фрла во вода тоа во иднина после многу години станува микро пластика со тоа се хранат живите организми тоа се разградува и тие хемиски отрови доаѓаат до подземните води и до нас како конзументи – додава Паскали.

Во Новогодишната еко подводна акција учествуваа тројца нуркачи, во иднина од Акватек планираат еко акцијата да биде помасовна.

Погледнете го видеото на следниот линк

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top