Tag: вода

Тече вода од асфалтот кај Музичкото училиште

Охриѓани се жалат на проблем кај Музичкото училиште. Велат дека веќе втор ден од асфалтот до училиштето тече вода. Граѓани кои живеат во близина на Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид се жалат дека деновиве се соочуваат со проблем, кој сеуште не е решен од надлежните служби. -Од асфалтот кај Музичкото училиште веќе втор ден тече вода.-вели наш сограѓанин, кој ни испрати слика за „Ти си твојот град“

Continue reading

Потребна санација на Музејот на вода кај Градиште

Наскоро ќе се санираат поситните оштетувања, а ќе следуваат покрупните градежни зафати по туристичката сезона. На Самоилова тврдина, пак ќе има археолошки доистражувања на неколку градби. Музејот на вода кај Градиште се наоѓа во многу лоша состојба. Финансиски средства за поправка на музејот на вода се побарани од ресорното министерство уште минатата година, а се одобрени годинава во висина од 500.000 денари. Наскоро ќе се санираат поситните оштетувања на музејот, а покрупните градежни активности ќе следуваат по туристичката сезона, информира Мишко Тутуткоски, директор на НУ Завод и музеј. „Таму...

Continue reading

Лошо поставен довод за вода и струја до типизираните куќарки на охридскиот кеј

Наш сограѓанин реагира на лошо поставениот довод за вода и струја до типизираните куќарки на охридскиот кеј. Добивме слики од наш сограѓанин кој реагира на начинот на изведба на доводот за вода и струја до типизираните куќички на охридскиот кеј. Неговиот коментар е за импровизацијата која е направена, искршените ивичници, како и исечениот асфалт. Не можеше ли да се смисли покултурно и пестетски поиздржано решение?!

Continue reading

Спасителите на вода немаат насоки дали ќе ги покриваат слободните плажи ова лето

Од ОО ЦК се надеваат дека надлежните ќе ја почитуваат законската регулатива на секое капалиште да создадат услови за безбедност на капачите. Од локалната самоуправа инфомираат дека ќе бидат дефинирани сите детали околу обезбедување на потребните услови за функционалност на плажите и обезбедување на безбедност за туристите ова лето. Од охридската општинска организација на Црвен крст немаат насоки дали нивните спасители на вода ќе се грижат за безбедноста на капалиштата ова лето. Нема информации дали спасителите на вода ќе бидат ангажирани на плажите каде што ќе нема концесионери. Тие активно...

Continue reading

Без вода жители на неколку улици во Охрид

Поради приклучување на повеќе објекти во новата водоводна мрежа на улицата „Јане Сандански“ од утринава има прекин во водоснабдувањето на улиците: „Мирче Ацев”, „Галичица”, „8-ми септември” и „Лазо Трпоски”. Поради приклучување на повеќе објекти во новата водоводна мрежа на улицата „Јане Сандански“ од утринава има прекин во водоснабдувањето на улиците: „Мирче Ацев”, „Галичица”, „8-ми септември” и „Лазо Трпоски”. Според најавите од охридски „Водовод“ прекинот ќе трае неколку часа.

Continue reading

Поради реконструкција на ул „Јане Сандански“ без вода неколку улици во Охрид

Поради реконструкција и инсталирање на нова водоводна линија на улица „Јане Сандански“, прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците „Сирма Војвода“, „Лазо Трпоски“, „8ми Септември“, „Мирче Ацев“ и дел од улицата „Галичица“. Поради реконструкција и инсталирање на нова водоводна линија на улица „Јане Сандански“, прекин во водоснабдувањето ќе има на улиците „Сирма Војвода“, „Лазо Трпоски“, „8ми Септември“, „Мирче Ацев“ и дел од улицата „Галичица“. Прекинот ќе трае до 14.00 часот.

Continue reading

Седум охридски села се снабдуваат со нехлорирана вода од селските водоводи

Жителите од Куратица бараат управувањето со селскиот водовод да го преземе ЈП Водовод, а од таму инфомираат дека за тоа нема економска исплатливост. Трајно решение гледаат во каптирање на Свинишките извори и изградба на цевковод со кој ќе се снабдуваат со вода жителите од селата и од градот. Без решение е проблемот со водоснабдувањето во повеќе охридски села. Жителите пијат нехлорирана и неисправна вода со децении, а трајно решение нема. Жителите или не ги препуштаа водоводите на Јавното претпријатие да стопанисува со водоводите изградени од месното население или пак ЈП немаат економска исплатливост...

Continue reading

Досегашни фаќачи на крстот донираа вода и заштитни маски

Водици празникот на верата и здравјето со тоа доби хуманитарна содржина. Досегашните фаќачи на крстот донираа вода за пиење за ковид центарот во Општа болница и 1000 заштитни маски во три охридски цркви. Со тоа на празникот Водици му даваат и хуманитарна димензија. Митко Топејнчаров е еден од 15-те мина досегашни фаќачи на крстот. Тој имал среќа дури 5 пати на Водици да го фати чесниот крст во езерските води, а кажува дека со останатите фаќачи без размислување се вклучиле во донаторската акција. „Иницијативата на професорот Зоран Тунтев едногласно сите ја прифативме да дадеме кој колку може...

Continue reading

Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна

Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна . И покрај обилните врнежи од дожд кои во текот на изминатите денови го зафатија Охридскиот регион, нивото на реките и каналите засега е нормално и до сега не е детектиран ниту еден проблем со излевање на вода од канализациониот систем. Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна . И покрај обилните врнежи од дожд кои во текот на изминатите денови го зафатија Охридскиот регион, нивото на реките и каналите засега е нормално...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top