Post Views: 3
Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека утре, вторник 23-ти мај, ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „Кеј Македонија“ и „Јане Сандански“ од пресекот со улица „Партизанска“ кон „Кеј Македонија“.
Прекинот ќе биде од 8 до 14 часот.
Post Views: 0
Од МЈП „Проаква“ Р.Е. Водовод информираат дека денес,четврток,11.05.17 год. во делови од градот ќе има прекин во водоснабдувањето.
Поради изведба на нов водоводен приклучок на Ул.„Вардар“, ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа улица како и на дел од улиците Гоце Делчев (од Дрвара кон центар), Македонски Просветители (од фонтана чинар кон поранешен 1-ви Мај), Градски Пазар и дел од улиците Абас Емин,Стив Наумов и Кирил и Методи,во период од 08.30ч до 14.00ч.
Post Views: 8
Акумулацијата Шум, годинава за прв пат се издава под концесија за риби и организација на рекреативен риболов. Во преставка од МЈП „Проаква“, до државниот инспекторатот за животна средина е укажано дека акумулацијата е пренаменета од страна на други правни и физички лица за други дејности (рибарство, услужни објекти), со што директно е загрозена безбедноста за снабдување на вода за пиење, од аспект на квалитет на вода и техничка функционалност. Со состојбата запознаени од Министерството за животна средина и просторно планирање.Инспекторот за Животна средина и просторно...
Post Views: 10
Секој слушнал дека треба да се пијат осум стандардни чаши вода секој ден. Се чини дека ова не е целосно точно. Некои препорачуваат 13 чаши вода за просечен маж, а 9 чаши вода за просечна жена.
Но, потребното количество вода кое треба да се конзумира зависи од околината во која се живее, тежината, па дури и животниот стил кој се води.
60% од целосната телесна тежина на човекот е вода и таа ги одржува во живот нашите органи. Бидејќи постојано губиме вода преку потењето, урината, па дури и преку дишењето, пиењето доволно вода е многу важно. Доколку дехидрирате ќе немате...
Post Views: 1
Престојната туристичка сезона спасители на вода ќе делуваат и на албанската страна од Охридското Езеро. ОО на Црвениот Крст од Охрид започнува проект со албанската страна, обука спасители на вода, која ќе ја спроведуваат инструктори од Единицата за вода при Црвениот крст Охрид открива претседателот Сашо Точков.
На албанската страна пред два месеци бевме во посета и видовме од 16 – 20 км уредени плажи, кои се очекува да бидат користени. Инаку податокот кој што го слушнав за посетеност на туристи кои доаѓаат на албанската страна на Охридското езеро, за минатите годинибил...
Post Views: 8
Во среда во вечерните часови, од 23 часот ќе биде запрена водата од сите пумпи во градскиот водовод во Охрид.
Ќе има прекин во водоснабдувањето до четврток, до 17 часот.
Како што информираат подетално од Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Проаква“- Работна Единица „Водовод“, вечерта ќе се врши измивање на водоводните системи.
– Следниот ден ќе има чистење на главните резервоари. Екипи ќе вршат главна поправка, репарација. Поправка на транзитни водоводни системи и санација на вентили од поголеми профили, како и санација на водомерни шахти. Активностите се во пресрет...
Post Views: 2
Солта не служи само за зачинување на храната. Многумина го користат за да го зачинат оброкот, но има многу други начини на кои солта може да Ви помогне. Следуваат некои од нив:
1. Ставете сол врз скршеното јајце на подот. По одреден период, едноставно исчистете го, без создавање дополнителен неред.
2. Отстранете ги дамките од материјалот со потопување во вода со сол.
3. Избркајте ги мравките од кујната или масата со сол.
4. Чистењето риба е полесно откако рибата стоела во солена вода.
5. Соларникот ќе ја испушта солта полесно доколку ставите малку ориз во него.
6. Зелената...
Post Views: 6
Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.
Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина…
Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски-Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе...
Post Views: 5
„Не знам, колку рационално се користи водата, од Проаква знаат подобро, ние имаме доволни количини на вода, и извори за користење, сеуште не се капирани сите извори кои се доволни за напојување на вода за 200.000 жители“ вели Мерко.
Дека ситуацијата со загубата на вода е сериозна, говорат и информациите дека количеството на водите од Беличките извори е намалено за три пати. Со туристичка сезона која е пред нас и најавената година на интензивни суши, останува да видиме, колку општините од ЈПР успешно ќе се справат со проблемот кој е пред нив.
{loadposition content9}
Post Views: 1
ЕЛЕМ од денес ќе ја применат мерката за проток на вода од езерото на биолошки минимум кој е пропишан со закон и кој е задолжителен за да може да се одржи биодиверзитетот во реката Црн Дрим. Ова доаѓа после бурните реакции од страна на експертите, еколозите, медиумите и граѓаните за екстремно ниското ниво на Охридското Езеро. Досега се испуштале по 7 кубни метри вода во секунда, а од денес ќе се испуштаат 3,5 до 4 метри кубни во секунда.
Додека на охриѓани пред очи им полека им се празнеше езерото и тоа драстично и во многу краток период ЕЛЕМ и УХМР не можеле да се усогласат...
Post Views: 1
Самоиловата тврдина и локалитетот Залив на коските односно Музејот на вода, сеуште се на врвот на најпосетувани објекти на Балканскиот Ерусалим, Охрид. Директорката на НУ Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска пренесува дека од отварањето на Музејот на вода до денес, локалитетот Заливот на коските е посетен од 370 000 туристи, додека пак Самоиловата тврдина од 2010 до денес е посетена од над 400 000 гости. Бунташеска посчува дека постои вредно културно наследство кое малку се нуди од страна на туристичките агенции и водичи.
„Доаѓаат во комплекскот Перивлепта, ја посетуваат...
Post Views: 1
Варошани, синоќа и утринава остана без вода. Причина за тоа е голем дефект на водоводната линија, која го напојува 1000 метри кубниот резервоар во непосредна близина на Самоиловата тврдина, кој локалитет се наоѓа на тешко пристапен терен. Техничкиот раководител на Р.Е Водовод, Сашо Сотироски соопштува дека дефектот настанал поради ниските температури.
„Oд ниските температури на мали длабини доаѓа до замрзнување на површинските делови од ПВЦ материјалот на водоводната линија и се намалува протокот на вода, каде што низ овие тесни грла доаѓа до пукање на цевката“.
Сотироски...