Поради интервенција на МЈП „Проаква“, Охрид во четврток без вода

Во среда во вечерните часови, од 23 часот ќе биде запрена водата од сите пумпи во градскиот водовод во Охрид.

 |   | 

Во среда во вечерните часови, од 23 часот ќе биде запрена водата од сите пумпи во градскиот водовод во Охрид.

Ќе има прекин во водоснабдувањето до четврток, до 17 часот.

Како што информираат подетално од Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Проаква“- Работна Единица „Водовод“, вечерта ќе се врши измивање на водоводните системи.

– Следниот ден ќе има чистење на главните резервоари. Екипи ќе вршат главна поправка, репарација. Поправка на транзитни водоводни системи и санација на вентили од поголеми профили, како и санација на водомерни шахти. Активностите се во пресрет на сезоната, секоја година имаме редовна годишна контрола, информираат од „Водовод“.

На прашањето, на кои делови од градот водоводната мрежа е во најлоша состојба, од „Водовод“ одговараат дека речиси не минува седмица да не настане дефект на главен водовод на булеварот „Туристичка“.

– Практично нашите екипи се секојдневно на терен. Скоро да нема ден, да немаме работа. На булеварот „Туристичка“, најмногу настануваат дефекти, таму интервенираме на секои три недели. Но, сега со оваа активност која ќе ја спроведеме во среда и четврток, се надеваме дека сè ќе се среди, додаваат од „Водовод“.

Граѓаните во повеќе наврати во изминатиот период реагираа дека често пати при интервенција на дел од водоводната мрежа, биле информираат во последен момент дека ќе има прекин на водоснабдувањето. На ова од водоводното претпријатие додаваат дека често настануваат непланирани дефекти на цевките, а екипите веднаш се екипираат за отстранување на проблемите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top