Ознака: болница

Шумахер ја победи смртта, но…

Post Views: 0 Питер Хачисон, професор на универзитетот во Кембриџ, изјавил дека Михаел Шумахер кога ќе излезе потполно од кома, ќе мора повторно да учи некои основни животни функции и дека никогаш повеќе нема да е истата личност. “Тоа не е како кога ќе се запали светлото и пациентот знае за се што постои околу него. Тој веројатно ќе се врати во свет кој не го познава”, рекол Хачисон. Хачисон со тоа го потврдил пишувањето на германските медиуми кој ден порано, повикувајќи се на извори блиски на докторите на Универзитетската болница во Гренобл каде Михаел Шумахер се наоѓа од 29 декември,...

Continue reading

Уметнички дела од Мајкл Клос како признание за медицинските сестри од Општа болница Охрид

Post Views: 3 Дваесетина дела,  платна и цртежи на светски познатиот ликовен уметник со македонско потекло, Мајкл Клос ќе ги красат домовите на медицинските сестри од ЈЗУ Општа болница Охрид. Уметникот ги испрати сликите од Торонто и ги донира во знак на признание кон Инфективниот оддел на Општата болница во Охрид, македонското здравство и министерот д-р Венко Филипче за справувањето со пандемијата на Ковид 19. Уметникот и неговата сопруга Менка Змејкоска Клос, преку видео порака се обратија  до медицинскиот персонал на болницата. „ Овој наш мал подарок е голема благодарност до министерот...

Continue reading

Во болничкиот комплекс ќе се поставува модуларна монтажна болница

Post Views: 2 Општа болница Охрид од Министерсвото за здравство ќе добие монтажна модуларна болница како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на корона вирус. Со тоа болницата ќе добие тријажен центар и ќе се прошират капацитетите за лекување на болни од Ковид 19, информира Горан Балески, директор на ЈЗУ Општа болница. Двата монтажни објекти ќе се постават во кругот на болницата со што ќе се прошират капацитетите за 35 кревети. „За модуларните болници имаме голем простор има пристап од две страни за влез и излез по протоколите и проектот за триажен центар....

Continue reading

Министерот за здравсто Венко Филипче во работна посета на охридската Општа болница и специјалната Св. Еразмо

Post Views: 1 Венко Филипче, министерот за здравство се сретна со охридските лекари и медицински персонал во ЈЗУ Општа болница и специјалната Св Еразмо Охридски и ги слушна од прва рака проблемите со кои се соочуваат за време на епидемијата на Ковид 19. Министерот е задоволен како досега охридските лекари и медицински кадар се справуваат со целокупната ситуација при лекувањето на пациентите и при тоа им искажа благодарност. За секојдневниот голем број на позитивни пациенти со Ковид 19, Филипче кажа дека засега се прават пошироки тестирања, со кои навреме се предвидува притисокот на...

Continue reading

Детскиот оддел при ЈЗУ Општа болница Охрид ќе работи како амбуланта поради недостиг на педијатри

Post Views: 16 Поради недостиг на доктори специјалисти по педијатрија Општа Болница Охрид го затвора детското одделение. Од денеска одделот за детски болести ќе работи извршувајќи амбулантски прегледи, инфоримираа од болницата. Детската амбуланта ќе има работно време од 8 до 20 часот од понеделник до петок, а за време на викендите и останатото време пациентите ќе се упатуваат до Одделот за детски болести при Општата болница во Струга. Од охридската општа болница додаваат дека новото работно време ќе биде од времен карактер се до обезбедување на кадар, а за промените јавноста ќе биде...

Continue reading

lisica

Лисица застрела ловџија

Post Views: 2 Едно старо новинарско правило само што доби сериозен апдејт – не е вест кога ловџија ќе застрела лисица, вест е кога ранета лисица ќе застрела ловџија.Во Белорусија повредена лисица го застрелала својот несуден убиец во нога, повлекувајќи го чкрапецот на пушката на ловџијата во моментот кога тој сакал да ја дотепа со кундакот. “Животното жестоко му се спротивставило на ловџијата и во борбата со него случајно го повлекло чкрапецот со шепата,“ изјавил обвинител. Несреќниот ловџија завршил во болница, додека лисицата побегнала.{loadposition content9}

Continue reading

Стружанец искасан од куче заврши на болница

Post Views: 19   Жител на село Мислешево искасан од кучиња од расата „Питбул“. Мештаните на ова струшко село на 20 март беа сведоци на стравична слика кога два питбули го нападнале 34 годишниот А.Ф. од истото село и го искасале во пределот на стомакот при што му нанеле тешки повреди. Повредениот и исплашен мислешевчанец веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга. Случајот веднаш бил регистриран од струшката полицијата. Портпаролот Стефан Димоски вели дека ова е прв ваков регистриран настан годинава. „Нападот на кучињата врз случајниот минувач бил секавичен тие мошне аграсивно...

Continue reading

Општа болница Охрид во борба со Ковид 19, исполнет капацитет и преморен медицински персонал

Post Views: 1 Во Општа болница Охрид  во моментов има 15 пациенти со Ковид 19 кои се лекуваат на одделот за инфективни болести. На другите оддели,  геријатрија, дел од интерно и дел од  хирургија кои се преадаптирани за третирање на пациенти суспектни на Ковид 19 има 8 лица за кои се чекаат резултати од тест за корона вирус. „ Ние сме во моментов максимално исполнети. Како Општа болница Охрид примаме околу 25 пациенти, тоа е максималниот капацитет што можеме да го исполниме Општа болница Охрид и тоа не е мал број на пациенти бидејќи имаме едно инфективно одделение, Одделот за геријатрија...

Continue reading

Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19

Post Views: 0 Охридската болница е подготвена за прифаќање на болните од ковид 19, информира Горан Балевски, директор на ЈЗУ Општа болница, по вчерашната најава на министерот за здравство д-р Венко Филипче дека повеќе нема место во Клиничката болница во Битола. Директорот Балевски кажува дека охридската болница има стручен и материјален капацитет за справување со новонастаната состојба. Во Општа болница Охрид е повторно направена нова реорганизација за згрижување на пациентите од охридскиот регион. На инфективното одделние има пациенти на различна возраст од 40 до 80 години, информира...

Continue reading

Битолската болница е со полни капацитети, болницата во Охрид ќе ги прифаќа заболените од COVID-19

Post Views: 0 Бидејќи во Клиничката болница во Битола нема повеќе слободни места, од денес пациентите од овој регион ќе се хоспитализираат во болницата во Охрид, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство во Владата на Република Македонија д-р Венко Филипче. Министерот подвлече дека, охридската болница има план, слободни кревети и доволен број респираторни машини, доколку тоа биде потребно. „Во овој момент, ниту една јавно-здравствена установа не е во ризик“, посoчи министерот Филипче на денешната прес конференција. Тој истакна дека според него нема потреба од...

Continue reading

„УВ Гард“ за ЈЗУ Општа болница – Охрид, донација од иноваторите Поцков и Глигоров и Хотел Су

Post Views: 1 „УВ Гард“ уред за дезинфекција со УВ зраци доби денеска ЈЗУ „Општа болница Охрид“. Апаратот е  изум на македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров од Свети Николе а донацијата ја реализираа со поддршка на охридскиот хотел Су како општествено одговорна компанија. „Уредот за дезинфекција, УВ Гард, кој го изработивме за болницата во Охрид денеска го донираме со поддршка од општествено одговорната компанија Хотел Су со цел за зајакнување на условите и заштита на здравствените работници.“– изјави Ивица Поцков. Дезинфекција со помош на УВ светлина не е новина...

Continue reading

Општа Болница Охрид се реорганизира

Post Views: 1 Состојбата со корона вирусот во охридско будно се следи. Медицинскиот персонал во моментов е еден од најдобрите кои ги имал регионот. Ќе одговориме на сите предизвици кои ги наметнува состојбата со корона вирусот, вели директорот на Општа Болница Охрид Д-р Горан Балевски.  Новоназначениот директор и формира дека за една недела бил формиран кризен штаб од началници на одделенијата и најдобрите и најискусни доктори, формиран е  тријажен центар во кој се упатуваат сите пациенти пред да влезат во болницата. „ Во тој тријажен центар работат двајца специјализнати кои ги...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top