Едно старо новинарско правило само што доби сериозен апдејт – не е вест кога ловџија ќе застрела лисица, вест е кога ранета лисица ќе застрела ловџија.
Во Белорусија повредена лисица го застрелала својот несуден убиец во нога, повлекувајќи го чкрапецот на пушката на ловџијата во моментот кога тој сакал да ја дотепа со кундакот.
“Животното жестоко му се спротивставило на ловџијата и во борбата со него случајно го повлекло чкрапецот со шепата,“ изјавил обвинител.
Несреќниот ловџија завршил во болница, додека лисицата побегнала.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град