Ознака: болница

Јапонска донација мобилен дигитален рендген апарат за хируршкото одделение при Општа болница Охрид

Post Views: 0 Хируршкото одделение при Општа болница Охрид ќе добие вредна донација од Јапонската влада. За потребите на болницата преку грант ќе се обезбеди мобилен дигитален рендген апарат. За таа цел се потпиша Договор за имплементација на проект од грант програмата за човекова безбедност на Јапонската влада со општина Охрид и Општа болница Охрид. Савада Хиронари, амбасадор на Јапонија во земјава, напомена дека со овој грант ќе и се помогне на болницата да ги подобри своите капацитети и ќе се зголеми безбедноста на операциите на хируршкото одделение. Во рамките на иницијативата...

Continue reading

До крајот на оваа година ќе се знае кога ќе започне да се гради новата струшка болница

Post Views: 0 Пациентите од Струга и регионов, како и здравствените работници од Струшката болница заслужуваат нов објект. Станува збор за здравствен објект кој е стар повеќе од пет децении со голем број инфраструктурни проблеми. Болницата во Струга опслужува повеќе од 150.000 пациенти годишно и во неа се лекуваат и пациенти од други градови но и од соседна Албанија. Филипче кажа дека сакале за првпат во здраствениот систем во Македонија да го вклучат принципот на јавно приватно партерство. „Навистина одличен кадар работи во струшката болница во повеќе специјалности, но многу е лоша...

Continue reading

Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч

Post Views: 42 Одделението за хирургија при струшката општа болница е ставено под клуч. Причина за тоа е заразната болест морбили од која половина од вработените се заразени и се на боледување. Ова е предлог на Комисијата за хоспитални инфекции, хирургија да се стави под карантин, изјави раководителот на одделението д-р Владимир Кочоски. „ На хируршкото одделение да не се примаат болни. Морбилите се заразна болест која доаѓа во бранови, инкубацијата трае 10 дена, едни се разболуваат, други доаѓаат на работа. Сега сме 50 проценти без персонал и не можеме да функционираме нормално како...

Continue reading

Едно возило за цела болница во Струга

Post Views: 4 Општа болница Струга располага само со едно болничко возило. Тоа е за потребите на сите одделенија во оваа медицинска установа. Не ретко посебно во летниот период се случува да има потреба и по неколку пати во текот на денот ургентно да треба да се транспортираат пациенти до Државната болница во Скопје, открива директорот на болницата д-р Асим Муса. Тој додава дека често и тоа возило и покрај тоа што е функционално, има дефекти. „Вистина е дека имаме само едно возило. Истото е од 2007 година и има поминато 400 илјади километри. Цела болница го користи само тоа возило....

Continue reading

Во Струга ќе се гради нова болница

Post Views: 2 Во Струга ќе се гради нова болница на нова локација, обелодени денес министерот за здравство Венко Филипче. Тој денеска оствари работна средба, со градоначалникот Рамиз Мерко и со менаџерскиот тим на Општа болница Струга, со цел да се запознае со проблемите кои што секојдневно ги притискаат докторите како и за потребата истите да се надминат. Министерот Филипче посочи дека на струшката болница потребна и е потенцијална реорганизација во смисла на регионализација како и потребите за нови кадри и нивна едукација. Според него тоа би се постигнало со реализација на нов проект...

Continue reading

Пациентот хоспитализиран со делта сој во велешката болница, не е држен насила

Post Views: 5 Делта сојот е потврден кај пациентот кој е хоспитализиран во велешката болница, а тој самиот се пријавил на лекување и таму останува до негативизирање на неговиот тест. Тој  не е здрав и не се држи со сила во болница, како што невистинито се тврди во постот. Напротив, секој пациент повозрасен од 18 години има право да го напушти болничкото лекување, доколку потпише таква изјава на сопствена одговорност. Исто така, не е вистина дека вакцинацијата е измама. Таа, според огромен број  медицински експерти, ќе доведе до колективен имунитет и ќе спречи смрт и тешка форма на...

Continue reading

Монтажната болница до Инфективната клиника ќе се користи како КОВИД центар

Post Views: 2 Монтажната болница до Инфективната клиника ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника. Тука ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба. Од Министерството за здравство изразија огромна благодарност за досегашната успешна соработка со Embassy of Switzerland in North Macedonia и амбасадорката Сибил Зутер за континуираниот придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава, особено во време на пандемија, кога сите земји се соочуваат со низа предизв...

Continue reading

Пандемијата со Covid -19 ја погоди и Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид

Post Views: 3 Зголемениот број на Ковид 19 позитивни во целата земја, а исто така и во Охрид како еден од најпогодените градови, со изразено висока застапеност на “британската мутација”, на вирусот Sars Cov 2, која се одликува со значајно повисока преносливост, ја погоди и Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и Ковид пациенти. „Сакаме да потенцираме дека во Ковид одделот кај нас се третира најкомплексни пациенти од Охрид и регионот,...

Continue reading

Добри вести од болницата поврзани за Фернандо Алонсо

Post Views: 7 Фернандо Алонсо во неделата на патеката во Барселона ја изгуби контролата над својот МекЛарен и со брзина од околу 150 км на час се удри во заштитната ограда при излегувањето на кривината број три. Несреќата се случила околу 12.35 часот, а Алонсо со хеликоптер беше префрлен во болница, а прегледите покажале дека шпанскиот возач претрпел потрес на мозокот. Иако немал други сериозни повреди, болничката процедура во вакви случаеви налага задржување на пациентот на одделот за интензивна нега, каде Алонсо ќе има и додатни прегледи. Од таборот на МекЛарен е соопштено дека...

Continue reading

Во среда започнува имунизацијата на здравствените работници во модуларната болница во Скопје

Post Views: 1 Течат подготовките во Модуларната болница каде во среда започнува вакцинацијата на здравствените работници. Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот.

Continue reading

Монтажната ковид болница во Охрид е скоро готова

Post Views: 0 Модуларната болница во кругот на охридската општа болница е скоро готова. Дождливото време малку ги забави работите овие денови па останува уште целиот монтажен објект да се приклучи на довод на електрична енергија. Објектот има капацитет од 40 кревети во собите со по 6 и 8 легла и вклучува приемна амбуланта како и дел за изолација. „Предвидено е цело инфективно одделение да се префрли тука заедно со персоналот . Тука имаме 40 кревети. Откако ќе го префрлиме тука ќе можеме за прв пат да реновираме нешто во инфективното одделение. Со пуштање во употреба на монтажната...

Continue reading

Охридската општа болница повторно се полни со пациенти со тешка клиничка слика на Ковид 19

Post Views: 3 Граѓаните се опуштија, се  организираат забави и дружење и токму затоа Охрид е на второ место во земјава по број на новозаболени од корона вирусот. Во моментов во општината има  397  активни случаи, но лекарите стравуваат од нов бран. Особено загрижува британскиот сој на вирусот кој  е за 70% позаразен а беше откриен кај охриѓанец кој се лекуваше во охридската болница.  „Добиваме  пaциенти кои се стварно со тешка клиничка слика, така да се уште  работиме по таа истата програма  како на почетокот. Пациентите се распределени на трите оддели на интерно, инфективно, геријатрија....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top