Post Views: 10
На 2 август, на Охридското езеро ќе се одржи официјалната, прва трка на Македонскиот Куп во далечинско пливање. Од почетокот на пријавувањето на учество до денес за ова пливачка манифестација пристигнале пријави од 50 – тина пливачи, информира Александар Маленко, претседателот на Пливачката федерација на Македонија. Пливачите ќе се натпреваруваат во 4 категории, мажи и жени. Категоризацијата опфаќа пливачи до 14г, до 16г, до 18г и апсолутна категорија.
„ ПФМ согласно националната пливачка програма од 29 декември на далечинско пливање за пат направи Македонски...
Post Views: 7
По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум, денеска уште од раните утрински часови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„. Комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Подигнат е комуналниот отпад, хартија, картонската амбалажа и др. од јавните пешачки и зелени површини. Овие активности се спроведоа по договор со Дебарско-кичевската епархија.
Post Views: 0
Градските советници денеска во општинската зграда влегуваа низ огромен банер на кој пишуваше МОРАТОРИУМ. Влезот го преуредија активисти од Граѓанската иницијатива Охрид SOS и здружението Стар Лагадин. Симболиката е дека советниците минуваат и воопшто не го гледаат мораториумот, кажаа граѓаните и активистите за заштита на Охрид и охридскиот регион кои се собраа на мирен протест пред општината додека во салата се одржуваше закажаната 14та седница на совет. Тие бараат мораториумот на градење на охридското крајбрежје согласно препораката на УНЕСКО итно да биде спроведен ...
Post Views: 7
Новиот филм за тајниот агент James Bond веќе ги руши рекордите на благајните во британските кина, објави Sony Pictures. “Spectre” со Daniel Craig кој по четврти пат го глуми филмскиот јунак, агентот 007, заработи 9,2 милиони долари во еден ден, првиот ден на прикажување во Британија.
Тоа е најдобар резултат во историјата на британскиот “box office” кој некој филм го направил досега. “Spectre” во првиот ден на прикажувањето направи подобар резултат од неговиот претходник “Skyfall”, кој пак на крајот со 1,1 милијарди долари, на глобално ниво, е финансиски најуспешниот...
Post Views: 6
Регионална ТелевизијА ТВМ со најголема гледаност во вториот квартал на 2018 година. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Телевизија ТВМ има најголема гледаност во Д6 регионот кој го покрива но и поголем удел на гледаност споредено со регионалните телевизии во сите 8 радиодифузни региони во државава. Уделот на гледаноста на Телевизија ТВМ во изминативе три месеци изнесува 5, 17 %. За споредба, уделот на регионалните телевизии во сите радиодифузни региони се движи околу 3 %.
Според одговорите на анкетираните најгледана...
Post Views: 0
Стабилно, сончево и топло време не очекува денеска. Дневните температури од денеска па во наредните денови полека почнуваат да растат, па до крајот на неделата ќе бидат измерени и температури повеќе од 30 степени.
Утрово во Скопје се измерени 13 Целзиусови степени, Крива Паланка 8, Штип 13, Берово 7, Битола 12, Гевгелија 16, Струмица 13, Прилеп 12, Охрид 9.
Денеска ќе имаме пријатни временски услови, Македонија е веќе под влијание на потопла воздушна маса која ни носи стабилно, сончево и топло време.
Денеска во Скопје максималната дневна температура ќе биде 27 Целзиусови...
Post Views: 0
Мирослав Котевски , претседателот на Здружението „ Стар Лагадин“ истакна ние се бориме против Општиот акт за село Лагадин кој беше донесен од општината во ноември 2015 година. Тој општ акт ги поништува или ги заменува урбанистичките планови. Многу е смешно еден општ акт кој се применува за села кои немаат никаква инфраструктура да се примени за едно од најатрактивните подрачја на Охридско езеро, истакна Котевски.
„ Општиот акт дозволува сите што имаат куќи во Лагадин да имаат можност да изградат хотели. Замислете на што ќе личи тоа. Нити инфраструктура има а знаете...
Post Views: 5
Програма со проекти, без боја, верско или национално обележје. Точно таква програма имаме изработено, бидејќи тоа и треба на Струга и струшко за да се сочува соживотот во една мултиетночка средина, изјави Д-р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ од Струга.
„Денес се наоѓаме во Октиси, место кое со својата местоположба има огромен потенцијал за развој кој на граѓаните може да им обезбеди пристоен и достоинствен живот.Во мојата програма меѓу другото, за Октиси е планирано и ќе се спроведе реконструкција на патниот правец од Октиси...
Post Views: 0
Поради дијабет на Клиниката за детски болести во Скопје вчера било хоспитализирано 9 годишно дете од Охрид. Предходно четиринаесет годишно охриѓанче по влошената состоја од Охрид било упатено на КАРИЛ исто поради компликации од дијабет. Уште две други деца од внатрешноста завршиле на клиника во Скопје поради дијабет, кој претходно воопшто не бил констатиран. Сите се прашуваат која е причината за појава на дијабет кај најмлдата популација, велат охридските педијатри. Матичните лекари велат се почесто има мали пациенти со ова заболување. Стравуваат дека нивниот број допрва...
Post Views: 2
На 03.12.2021 година околу 16 часот, на улицата „15 корпус” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ѓ.С.(30) врз О.Д.(55), двајцата од Струга.
Напаѓачот е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 5
Општина Охрид не оди кон светла иднина, нема јасна цел и стратегија. СДСМ не води транспарантен процес на донесување одлуки почитувајќи ги интересите на граѓаните, обвинија денеска на прес конференција од Ок на ВМРО ДПМНЕ. Ова ли е отворена и услужна Општина за сите, којашто ја ветувавте господине градоначалник Стојаноски?, праша портпаролот на огранокот Перчо Божиновски.
„Свесно манипулирате со граѓаните дека претходно била проверена микро-студијата за сообраќај во централното градско подрачје. Лажно се затскривате зад статусот на Охрид под УНЕСКО за кој лично за жал...
Post Views: 2
Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.
– Од утре ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер претежно од западен правец. Од сабота ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.