• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • „МОРАТОРИУМ“ – герила акција на граѓански здруженија пред општинската зграда во Охрид

„МОРАТОРИУМ“ – герила акција на граѓански здруженија пред општинската зграда во Охрид

Герила акција пред општина Охрид. Активисти од Охрид СОС и од Здружението Стар Лагадин поставија огромен банер на влезот во зградата со што советниците кои пристигнуваа на закажаната седница влегуваа низ отвор на банерот на кој пишуваше Мораториум. Активистите побараа итно спроведување на препораката на УНЕСКО за мораториум на градење на крајбрежјето се до донесување на целосна и соодветна планска документација за регионот во склад со неговите универзални вредности.

 |   | 

Градските советници  денеска  во општинската зграда влегуваа низ огромен банер на кој пишуваше МОРАТОРИУМ. Влезот го преуредија активисти од Граѓанската иницијатива Охрид SOS и здружението Стар Лагадин.  Симболиката е дека советниците минуваат и воопшто не го гледаат мораториумот, кажаа граѓаните и активистите за заштита на Охрид и охридскиот регион кои се собраа на мирен протест пред општината додека во салата се одржуваше закажаната 14та седница на совет. Тие бараат мораториумот на градење на охридското крајбрежје согласно  препораката на УНЕСКО итно да биде спроведен  од страна на Општината.

„Ова е да се сврти внимание и не само тоа туку да се предупреди и локалната и централната власт дека вака не може повеќе да се управува со Охрид и Охридско Езеро. 5:48 +4:00 Премиерот вели, во една своја изјава, дека ќе има мораториум за мегалоградби, мегаломански планови. Не. Унеско вели мораториум на крајбрежјето за сите објекти додека не се донесат сите правни акти кои ќе го третираат овој крај , ова светско наследство под УНЕСКО.“– Трајче Талевски – Охрид СОС

Иако на охридскиот регион му се заканува сериозна опасност да го загуби статусот светско наследство на УНЕСКО, ниту градоначалникот ниту Советот на Општина Охрид, на ниту една од до сега одржаните седници на Советот, воопшто не се имаат осврнато на задолжителната препорака за мораториум, обвинуваат од Охрид СОС. Градоначалникот Стојаноски пак, вели дека одлука за мораториум не може да донесе парцијално општина Охрид бидејќи заштитениот регион опфаќа и делови од општинте Струга и Дебрца.

„И ние ќе донесеме одлука и владата на Р Македонија , затоа што владата е потписник на ратификацијата  со УНЕСКО и ќе се донесе одлука дали ќе има или не мораториум. Во овај момент  би ги замолил граѓаните за рационални барања односно да ни доставуваат барања за она за што сме ние надлежни. “-Јован Стојаноски – Градоначалник на Охрид

Но покрај револтот од индиферентноста на централната власт , од Градоначалникот и Советот, од Охрид СОС се зачудени од пасивноста и незаинтересираноста на охриѓани за она што му се случува на градот и езерото.

“Локалната се обиде да го регулира сообраќајот во Стар град поради една од препораките на УНЕСКО е намалување на сообраќајот во старото градско јадро. Граѓаните на стар град се организираа против тоа меѓутоа мене ме зачудува како граѓаните не се организираат за да се спречи уништувањето на крајбрежјето и на целиот град. Знаете изминативе години што се случуваше на Плаошник, што се случува на крајбрежјето и никој не реагира. Едноставно се молчи.– вели Талевски.

Ако сакаме да прекине иселувањето на млади квалитетни кадри од регионот мора да се посветиме целосно и бескомпромисно на негово правилно и правично управување, порачаа од Охрид СОС.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top