Епидемијата на шеќерна болест се шири и кај децата

Епидемијата на шеќерна болест се шири и кај децата. Педијатрите велат тоа се должи на повеќе фактори меѓу кои лошите прехранбени навики и нарушениот биоритам на живеење. Апелираат на сериозен пристап кон заболувањето на педијатриската фела, општеството, но и едуцирање на родителите.

 |  Валентина Неловска  | 

Поради дијабет на Клиниката за детски болести во Скопје вчера било хоспитализирано 9 годишно дете од Охрид. Предходно четиринаесет годишно охриѓанче по влошената состоја од Охрид било упатено на КАРИЛ исто поради компликации од дијабет. Уште две други деца од внатрешноста завршиле на клиника во Скопје поради дијабет, кој претходно воопшто не бил констатиран. Сите се прашуваат која е причината за појава на дијабет кај најмлдата популација, велат охридските педијатри. Матичните лекари велат се почесто има мали пациенти со ова заболување. Стравуваат дека нивниот број допрва ќе расте. Очекуваат појава со епидемиски размери на шеќерна болест и кај децата, како што е кај возрасните. Причините ги лоцираат во катастрофалните лоши животни навики. Педијатарот д-р Никола Филев ги посочува прескокнувањето на оброците, лошата исхрана кај децата која најчесто се состои од индустриски продукти. Чипсот, смоките, хабургерите и другата брза храна негативно влијае на здравствениот статус кај децата, напоменува педијатарот. Веднаш по оваа причина д-р Филев го наведува нарушениот биоритам на живеење кај децата.

„Индустриската храна е крајно време да се редуцира. Биоритамот на живеење е катастрофално пореметен. Не може децата да легнуваат на полноќ, гладни или не, да спијат до 12 напладне. Најчесто кога ќе станат земаат несинхронизран оброк, а јадат и премногу благо. Шеќерите се најприменетиот дел во исхраната, брзо се задоволува енергетската потреба на организмот, но на удар е панкреасот каде што се лачи инсулинот“, подвлекува д-р Филев.

За превенирање на појавата на дијабет кај децата потребно е активирање на педијатриската фела, општеството, но и едуцирање на родителите, алармира д-р Никола Филев. Потенцира дека е потребен посериозен педијатриски пристап и итно враќање на скрининг прегледите на гликемија во крвта кај децата, посебно на предшколската и школската популација.

„Сега нема официјално предвиден скрининг на гликемија, а порано имавме. Сега е потребно не на една година туку на 3-4 месеци да се прави испитување. Очекуваме пораст, а ние го откриваме порастот со алармантни појави кои може да дојдат до животно загрижувачки состојби од дијабетот,“ напоменува Филев.

Д-р Никола Филев, познат охридски педијатар, со долгогодишно искуство, апелира родителите да ги земат сериозно во предвид упатствата за здрави животни навики кај децата. Советува, мајки земете ги работите во свои раце, заборавете на лесните форми на оброци, потрудете се да го зачувате здравјето на вашите деца.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top