• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ОК ВМРО ДПМНЕ: Градоначалникот лично да им го објасни на граѓаните режимот на сообраќај

ОК ВМРО ДПМНЕ: Градоначалникот лично да им го објасни на граѓаните режимот на сообраќај

Од ОК на Вмро Дпмне денеска уште еднаш го повикаа Градоначалникот Стојаноски да го поништи донесеното решение за функционирање на рампите.

 |   | 

Општина Охрид не оди кон светла иднина, нема јасна цел и стратегија. СДСМ не води транспарантен процес на донесување одлуки почитувајќи ги интересите на граѓаните, обвинија денеска на прес конференција од Ок на ВМРО ДПМНЕ. Ова ли е отворена и услужна Општина за сите, којашто ја ветувавте господине градоначалник Стојаноски?, праша портпаролот на огранокот Перчо Божиновски.

„Свесно манипулирате со граѓаните дека претходно била проверена микро-студијата за сообраќај во централното градско подрачје. Лажно се затскривате зад статусот на Охрид под УНЕСКО за кој лично за жал не можете да го гарантирате поради урбанистичките планови и најпосле дрско и безобразно лажете дека жителите барале таков режим на сообраќај.“-Перчо Божиновски- портпарол ОК на ВМРО ДПМНЕ

На жителите од Центар и Стар Град им ветувавте катна гаража, пешачки и велосипедски  патеки, мини плоштад, а не рампи, кажа Божиновски. Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека охриѓани и туристите ги почитувале сообраќајните правила и прописи но го гледале хаосот којшто се случува во сообраќајот и затоа реагираат.

„Уште колку долго ќе молчете пред граѓаните? Преземете одговорност, излезете лично Вие пред охриѓани и објаснете го режимот на сообраќај за време на туристичката сезона како и функционирањето на рампите.“

ВМРО-ДПМНЕ бара градоначалникот Стојаноски веднаш да го поништи донесеното решение за функционирање на рампите а СВР Охрид да ги отстрани, како што велат, незаконски поставените рампи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top