Новиот James Bond почна со рушење рекорди

“За што зборувате, па боже, тоа е Monica Belluci!”

 |  инфодеск  | 

Новиот филм за тајниот агент James Bond веќе ги руши рекордите на благајните во британските кина, објави Sony Pictures. “Spectre” со Daniel Craig  кој по четврти пат го глуми филмскиот јунак, агентот 007, заработи 9,2 милиони долари во еден ден, првиот ден на прикажување во Британија.

Тоа е најдобар резултат во историјата на британскиот “box office” кој некој филм го направил досега. “Spectre” во првиот ден на прикажувањето направи подобар резултат од неговиот претходник “Skyfall”, кој пак на крајот со 1,1 милијарди долари, на глобално ниво, е финансиски најуспешниот Bond на сите времиња.

Во останатиот дел на светот “Spectre” ќе се дистрибуира на почетокот на ноември. Светската претпремиера беше во Лондон во понеделникот, Рим во вторникот и Берлин во среда.

Како одлична реклама се покажа реакцијата на главниот актер на прашањето како се снашол во тимот со “постара дама”, колешката Monica Belluci, на што Craig одговорил: “За што зборувате, па боже, тоа е Monica Belluci!”

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top