ТВМ најгледана телевизија според податоците на ААВМУ

ТВМ најгледана телевизија според податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. ТВМ бележи најголем процентуален удел во гледаноста споредено со сите регионални телевизии во државата.

 |   | 

Регионална ТелевизијА ТВМ со најголема гледаност во вториот квартал на 2018 година. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Телевизија ТВМ  има најголема гледаност во Д6 регионот кој го покрива но и поголем удел на гледаност споредено со регионалните телевизии во сите 8 радиодифузни региони во државава. Уделот на гледаноста на Телевизија ТВМ во изминативе три месеци изнесува 5, 17 %. За споредба, уделот на регионалните телевизии во сите радиодифузни региони се движи околу 3 %.

Според  одговорите на анкетираните најгледана е информативната и играната програма, поголем е процентот на гледачи од женски пол, додека програмата на ТВМ ја гледаат најмногу гледачите на возраст од 40 до 49 години. Програмата ја следат граѓани од сите националности.

Анкетирањето е извршено по метод на телефонско интервју во периодот од 10 до 20 часот и опфатен е примерок од 2400 испитаници. Анализата на податоците од спроведената анкета за досегот на радиостаниците и уделот на сателитските, регионалните и локални ТВ станци во вкупната гледаност во вториот квартал на 2018година, објавена е на официјалната страна  на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top