Доаѓаат температури над 30 степени

Стабилно, сончево и топло време не очекува денеска. Дневните температури од денеска па во наредните денови полека почнуваат да растат, па до крајот на неделата ќе бидат измерени и температури повеќе од 30 степени.

sonce
сонце

sonceУтрово во Скопје се измерени 13 Целзиусови степени, Крива Паланка 8, Штип 13, Берово 7, Битола 12, Гевгелија 16, Струмица 13, Прилеп 12, Охрид 9.

Денеска ќе имаме пријатни временски услови, Македонија е веќе под влијание на потопла воздушна маса која ни носи стабилно, сончево и топло време.

Денеска во Скопје максималната дневна температура ќе биде 27 Целзиусови степени, Тетово и Гостивар 26, Дебар 25, Куманово 27, Свети Николе 26, Крива Паланка 25, Штип 27, Гевгелија 30, Кавадарци 29, Струмица 28, Берово и Охрид 24, Битола и Прилеп 25, Маврово 18, Крушево 19.

Стабилно сончево и потопло ќе имаме и наредните денови со можни температури и над 30 степени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top