Post Views: 5
ЈП Билјанини Извори за активните вработени во Општина Охрид и Јавните претпријатија организира Спортски ден во петок од 10 до 14 часот.
Спортското дружење и поттикнувањето за практикување на спорт и рекреацијакај вработените секогаш позитивно делуваат во насока на подобрувањето на комуникацијата, тимската работа, мотивацијата и продуктивноста а со тоа и целокупната работна атмосфера во самите претпријатија и општините.
Водејќи се со таа цел ние како претпријатие ги покануваме сите вработени и мажи и жени од јавните претпријатија од Охрид и општината Охрид да се приклучат...
Post Views: 9
Претставата „Дух“ вечерва премиерно ќе биде изведена на сцената на охридскиот народен театар. Автор на текстот е Дејан Дукоски, а режијата е на Сашо Миленкоски. Во претставата играат актерите од охридскиот театар, како и актерите Верица Недеска од Чешка и Јовица Михајлоски од Драмски театар Скопје. Дел од претставата е и градскиот хор под диригентската палка на Бурим Хидри. Режисерот Миленкоски напоменува дека претставата по израз не се бави со реализам, туку фокусот на интерес е сегашното време кое е излезено од нормалниот колосек.
Претставата е всушност, како на еден...
Post Views: 6
СДСМ пред граѓаните и хотелеирите гордо се фалат со мерките и идеите препишани од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија денеска на прес конференција од општинскиот комитет на партијата. Лидија Петкоска, градски советник и претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ јавно праша како Премиерот дошол до бројката од 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања остварени минатата година. „Нели сте свесни дека граѓаните знаат кој ја воведе и спроведе мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет? Георгиески да одговори кој напорно ги промовираше Охрид и Македонија...
Post Views: 1
Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски, денешната прес конференција ја започна со упатување честитка до припадниците на ромската заедница по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.Силата на нашиот град потекнува од нашите различности. Развојот на различностите е доказ за слободоумието и инклузивната култура како белег на Охрид, кажа Милошевски. Тој најави Проект за реконструкција или доуредување на градинки, основни и средни училишта со цел обезбедување квалитетна настава и креирање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес.„На...
Post Views: 5
Претставата „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ, ПОСЛЕ ЌЕ МЕ … ” во режија на Ѓорѓи Ризески ќе гостува во Охрид, во среда, на сцената на охридскиот театар. Станува збор за независен проект, во продукција на „ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА” од Скопје кој трета сезона се изведува пред преполни салони на сцената на „ТЕАТАР КОМЕДИЈА”. Реалното шоу „ Осакатени души“ има над 50 изведби во матичната куќа , Театар Комедија и низ градовите во државата. Од досегашното искуство режисерот Ризески споделува дека македонската публика е гладна за жанрот комедија.
„Има желба за комедија. Немало град, а да...
Post Views: 8
Потребно е да се биде отпорен на студ, да не ви пречат поларни мечки и останати зимски “радости”, и можеби оваа програма за населување, која е воедно и најпозната ширум светот, е правата работа за оние кои не им пречат овие услови.
Имено, Аљаска им плаќа на луѓето кои живеат таму засекогаш.
Секако, за да се добијат пари, прво мора да се докаже дека сте се преселиле засекогаш, а кога тоа ќе го направите можете да очекувате и до 18.000 долари секоја година.
Потребно е секоја година да проведете 190 дена на Аљаска и да не сте осудувани, а на тој начин еднаш годишно се...
Post Views: 0
За една седмица осум нови заболени од морбили во Струга. Епидемијата не стивнува , бројот порасна на 49 заразени, по еден нов заболен дневно. Тринаесет од заболените со морбили се медицински лица, сестри и друг персонал од здравствените установи. Најголем дел од нив се на возраст од една до педесет години. Бидејки се работи за високо контаминозно заболување овој број се очекува да расте. „Меѓу заболените нема деца кои според вакциналниот статус кои требало да бидат вакцинирани, а ниту пак имаме школски деца. Сите заболени се деца до една година и група од 40...
Post Views: 6
Од министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ , 25 декември 2014 година (четврток), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божик.
{loadposition content9}
Post Views: 5
Амбициозен, непокорлив , неуморен трагач по вистината. Вака оние кои добро го познаваат го опишуваат Михаил Трендафилов Нанче, кандидатот за градоначалник од Граѓанско демократската унија. Роден во Охрид во 1954 година, основно завршил во „Свети Климент Охридски“, а средно образование во истоимената гимназија. Дипломирал на градежниот факултет во Скопје. Среќно е оженет татко на две деца , а круна на семејната радост е едногодишниот внук од синот. Себе си се опишува како бурен карактер, љубопитен човек, кој не умее да мирува. „Работев во ЕМО, потоа во Трудбеник...
Post Views: 7
Се чистат ресите од реката Црн Дрим во Струга. Екипи од ХЕЦ „Глобочица“ деновиве работат на отстранување на овие реси кои поради топлото време и помалиот истек годинава нараснаа повеќе од вообичаено. Не само што прават грда слика на една од најубавите реки во земјава, нараснатите реси претставуваат и потенцијална можност за загадување на водата во Црн Дрим, но и опасност по капачите кои во текот на летните месеци се капат во реката.
Директорот на ХЕЦ „Глобочица“, Тони Маркоски вели дека акцијата за чистење на коритото на Дримот од ресите ја спроведуваат години наназад...
Post Views: 0
Забрзано се работи на градење и реконструкција на патната инфраструктура која води кон Охрид. Патиштата подолго време се во многу лоша состојба на што реагираат и граѓаните и туристите. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов е задоволен како се одвиваат работите на автопатот Кичево- Охрид кој треба да биде завршен за две години. Според проектот за патот во 99 проценти е завршена експропријацијата , а ќе се работи на експропријација на додатните работи како што се косините странично од патот, вели Китанов.
„ Најгорливите проблеми се решение. Има чудни моменти,...
Post Views: 1
Најстариот маж во светот, Сатурнино де ла Фуенте Гарсија од Шпанија, почина на возраст од 112 години и 341 ден, соопштија од Гинисовата книга на рекорди.
Гарсија во септември, 2021 година го собори Гинисовиот рекорд за најстара личност во светот, пренесе Њујорк Пост. Следниот месец ќе го славеше својот 113 роденден.
Роден е на 11 февруари 1909 година, а зад себе остави 7 ќерки, 14 внуци и 22 правнуци. Во 1933 година се оженил со Антонина Барио Гутерес.
Бил висок само метар и половина поради што успеал да избегне учество во Шпанската граѓанска војна во 1936 година. Наместо...