Спортски ден за активните вработени во Општина Охрид

ЈП Билјанини Извори за активните вработени во Општина Охрид и Јавните претпријатија организира Спортски ден во петок од 10 до 14 часот.

 |   | 

ЈП Билјанини Извори за активните вработени во Општина Охрид и Јавните претпријатија организира Спортски ден во петок од 10 до 14 часот.

Спортското дружење и поттикнувањето за практикување на спорт и рекреацијакај вработените секогаш позитивно делуваат во насока на подобрувањето на комуникацијата, тимската работа, мотивацијата и продуктивноста а со тоа и целокупната работна атмосфера во самите претпријатија и општините.

Водејќи се со таа цел ние како претпријатие ги покануваме сите вработени и мажи и жени од јавните претпријатија од Охрид и општината Охрид да се приклучат и да бидат дел од ова несекојдневно дружење.Учесниците ќе се натпреваруваат во неколку спортови и тоа мал фудбал, пинг понг, баскет и тенис.

Спортскиот ден ќе се одржи во Спортско рекреативниот центар “Билјанини Извори” при што за потребите на спортовите ќе се користат неколку спортски објекти од затворен и отворен карактер. ЈП Билјанини Извори за првопласираните три екипи во сите категории има обезбедено награди и тоа пехари, медаљи и признанија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top