Михаил Трендафилов Нанче : Јас сум љубопитен, вреден и непокорлив

Амбициозен, непокорлив , неуморен трагач  по вистината. Вака оние кои добро го познаваат  го опишуваат  Михаил Трендафилов Нанче, кандидатот за градоначалник од Граѓанско демократската унија.

 |  Соња Рилковска  | 

Амбициозен, непокорлив , неуморен трагач  по вистината. Вака оние кои добро го познаваат  го опишуваат  Михаил Трендафилов Нанче, кандидатот за градоначалник од Граѓанско демократската унија.
Роден во Охрид во 1954 година, основно завршил во „Свети Климент Охридски“,   а средно образование во истоимената  гимназија. Дипломирал на градежниот факултет во Скопје.
Среќно е оженет татко на  две деца , а круна на семејната радост е  едногодишниот  внук од синот. Себе си се опишува како бурен карактер, љубопитен човек,  кој не умее да мирува.
„Работев во ЕМО, потоа во Трудбеник како градежна фрима четири години работев како раководител во Црна Гора Ние бевме на ревитализација на Котор, Тиват, Будва Херцег Нови Цетиње. Тоа беа многу интересни години од мојот живот. И тоа почнав во време кога сите сонуваа да работат во проектантско биро мене тоа не ми беше нипто посебно. Јас сакам предизвици  и во Трудбеник заминав со еден услов да одам на терен“, вели Михаил Трендафилов Нанче.
Начинот  на кој што се работело  во државните  компании  во социјализмот без енергија, труд и волја  го натерало Нанче да замине од државно во приватен бизнис. Не знаел во што се впушта, но со многу работа и труд успеал да има успешна компанија,  која своевремено броела 180 вработени.
„ Ја имав „Леснина инжинеринг“ беше моја компанија беше многу респектабилна, силна и многу респектабилна. Имав  претставништва продажни пунктови  во Скопје во Охрид и во други градови.  -2008 ми беше критична колапсот со Светската економкс криза која ми направи голем проблем . Јас бизнисот тогаш го продадов на евреи за 5,5 милиони евра кога на 15 септември почна таа економска криза евреите колабираа, изгубија многу пари“, појаснува Нанче.
Го пропатувал речиси целиот свет од Кина до Канарски острови, од Финска до Арабија и Израел, вели секогаш го интересирала културата и традицијата на народите.
„Имав чувство секаде како да сум нивни човек. Секаде бев добро пригфатен сегде ми беше убаво. Финска му остави посебен впечаток. Извонредно средена држава.  Мене ме интересираше тој руралниот дел. Кога бевме во Хонг Конг  сите гледаат згради и се воодушевуваат. Јас мислам што е ова челик и стакло ова нема душа мене душата ме интересира. Јас сакам да бидам меѓу обичниот народ“, раскажува Нанче.
Среќен го прават семејните мигови и  се труди  да посвети што повеќе  време за  дружење со внукот.
„Внучето и децата ми се во Скопје. Секое време кога ќе најдеме за жал тоа не е многу затоа што сепак тие имаат свој живот а ние не сме од оние кои сакаат да им се мешаат. Тука имам голем хендикеп во животот работниот век ми помина толку турболентно и ми остана тжнк на душата не ги изнаљубв моите деца.Имав среќа што сопругата ми воспита две здрави деца. Сега тоа што ми недостигаше го надополнувам преку внучето“, раскажува Нанче.
Вековната мудрост „Нема големи работи има мали работи со голема љубов “ на Нанче  му е мисла  водилка.
„ Јас сум по природа многу себичен , сакам сите околу мене да се среќни. Па сега ке речат не си себечен не викам себичен сум ако се сите среќни мене ќе ми биде многу убаво. Јас сакам да се среќни заради мене. Многу е убаво да се движиш мегу среќни луѓе.“, вели Нанче.
Ужива да чита мудрости од индискиот филозоф Ошо. Вљубеник е во природата и животните. Слободното време го минува со неговите миленици двете расни  кучиња.За Трендафилов Охрид е  божева убавина и заслужува повеќе.
„Господ ни дарил преубаво место. Откако постои ова езеро овде имало живот, тоа не е случајно овде живееле илјадници години. Сите допринесувале овој град да има душа. Мене ме боли душата за друго ние имаме неотркиени работи, неискажани  приказни. Охрид има каков туризам имаме ние туризмот можеме да го направиме култ овде. Културата туризмот и спортот и Охрид не треба веќе за ништо да размислува“, вели Нанче.
Водејќи се од тоа дека смислата на животот е во работата ,  а најголемата магија е во создавањето и   во творењето  Трендафилов верува и ветува  еден поубав Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top