Милошевски: Визија за квалитетно, просперитетно и модерно образование

Митре Милошевски,кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ најави Проект за реконструкција или доуредување на градинки, основни и средни училишта  со цел обезбедување квалитетна настава и креирање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес.

 |   | 

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски, денешната прес конференција ја започна со упатување честитка до припадниците на ромската заедница по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.Силата на нашиот град потекнува од нашите различности. Развојот на различностите е доказ за слободоумието и инклузивната култура како белег на Охрид, кажа Милошевски.
Тој најави Проект за реконструкција или доуредување на градинки, основни и средни училишта  со цел обезбедување квалитетна настава и креирање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес.
„На мое огромно задоволство изградба на ново училиште „Братство-Единство“ во Лескајца, Реконструкција на училишната зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“, Реконструкција на училиштата во Долно Коњско и Елшани, Реконструкција на дограма поткровје на ОСУ „Свети Климент Охридски“,Изградба на нова детска градинка, како и продолжување на започната реконструкција од пред две години на градинките Росица и Развигорче, а сега и на градинката Лихнида.“– Митре Милошевски кандидат за Градоначалник ВМРО ДПМНЕ.
Милошевски напомена дека тој и неговиот тим  ќе бидат отворени и за останатите проекти коишто ќе дојдат како предлог од самите училишта до Локалната самоуправа.
„Образованието претставува основен предуслов за решавање на проблемите од современото живеење. Само образована и стручна младина во современи услови ќе одговорат на предизвиците од модерното општество. “
Охрид и охриѓани заслужуваат нови реформи и проекти во образованието, порача Милошевски потенцирајќи дека негова визија е  квалитетно, просперитетно и модерно образование.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top