Претставата „Дух“ вечерва премиерно пред охриѓани

Претставата „Дух“ вечерва ќе биде премиерно изведена на сцената на охридскиот народен театар. Во претставата покрај актерите од охридскиот ансамбл играат и Верица Недеска и Јовица Михајлоски. Претставата е најава за нормализирање на репертоарот на охридскиот народен театар.

 |   | 

Претставата „Дух“ вечерва премиерно ќе биде изведена на сцената на охридскиот народен театар. Автор на текстот е Дејан Дукоски, а режијата е на Сашо Миленкоски. Во претставата играат актерите од охридскиот театар, како и актерите Верица Недеска од Чешка и Јовица Михајлоски од Драмски театар Скопје. Дел од претставата е и градскиот хор под диригентската палка на Бурим Хидри. Режисерот Миленкоски напоменува дека претставата по израз не се бави со реализам, туку фокусот на интерес е сегашното време кое е излезено од нормалниот колосек.

Претставата е всушност, како на еден обичен човек, на граѓанин, му пука филмот од се, особено од урбаната мафија и трга по пат да убива и стигнува се до врвот. Ситуацијата станува сериозна кога се побунува обичниот човек, а не некој  криминоген ум – истакна Миленкоски.

Горан Симоноски, директорот на НУ Центар за Култура „Григор Прличев“, напоменува дека полека се враќа публиката во охридскиот тетар. По премиерната претстава „Дух“ се најавува нормализирање на театарскиот репертоар.

Ние по премиерата ќе имаме и репертоар на Народниот театар. Секој петок ќе има претстави согласно протоколите, 30 проценти од капацитетот на затворениот простор, одржување дистанца, мерење на температура. Ја поканувам  публиката да ја погледне претставата на репертоарот на Народниот театар – додава Миленкоски.

Посетителите ќе може да присуствуваат на премиерата ако поседуваат сертификат за примена една вакцина, прележан ковид или ПЦР тест за да се запазат сите безбедносни протоколи за заштита од пандемијата на ковид 19.

Премиерната изведба е од 20:00 часот на Mалата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, а репризно ќе биде на матичната театарска сцена и утревечер во истиот термин.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top