Петкоска : СДСМ на локално и централно ниво ги препишува проектите од ВМРО ДПМНЕ

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со низа обвинувања до СДСМ во однос на проектите и мерките за развој на туризмот. Владата на СДСМ и Георгиески ги препишуваат проектите од ВМРО ДПМНЕ и ги претставуваат како новитети а не го остваруваат ветеното за развој на туризмот од планот за живот , кажа  прет. на УЖ ВМРО ДПМНЕ Охрид, Лидија Петкоска.

 |   | 

СДСМ пред граѓаните и хотелеирите гордо се фалат со мерките и идеите препишани од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија денеска на прес конференција од општинскиот комитет на партијата. Лидија Петкоска, градски советник и претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ јавно праша како Премиерот дошол до бројката од 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања остварени минатата година.
 
„Нели сте свесни дека граѓаните знаат кој ја воведе и спроведе мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет? Георгиески да одговори кој напорно ги промовираше Охрид и Македонија на меѓународните саеми и кој е заслужен за постигнатата бројка на странски туристи со која денес се фалат?– кажа Лидија Петкоска,  прет. на УЖ ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Министерот за економија Бектеши мерки  предвидени со програмата на ВМРО-ДПМНЕ ги нарекувал новитети а Константин Георгиески безидејно ги препишувал мерките и проектите на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, обвини  Петкоска. Таа праша што се случило со планот за живот за 2018 година со кој СДСМ ветувал модерен, здравствен и  спортски туризам со кои ќе се позициониравме како посакувана  дестинација на туристичкиот пазар.
 
„Ќе го проширевте целниот пазар, здравствениот туризам ќе донесеше работни места за доктори, физиотерапевти, па нели ќе немаше потреба да бараме доктори од странство? Ќе инвестиравте во нови хотелски капацитети и Охрид во 2018 година ќе станеше конгресна дестинација. Од сето тоа граѓаните ништо не видоа и заслужено добивте една голема нула од нив.“

На крај на прес конференцијата Петкоска ја спомна и информацијата за легализација на марихуаната во туристичките места, која инаку, Владата ја демантираше. Таа кажа дека дека Здружението на хотелиери веќе донело заклучок дека се против легализација на марихуаната за рекреативни цели во охридско-струшкиот регион.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top