Samsung повторно во проблеми и со заменетите телефони Note7

Post Views: 5 Неодамнешниот извештај на новинарите на Blooberg ја откри причината поради која дојде до проблем со телефоните Galaxy Note на Samsung – менаџерите на оваа компанија сакале да побрзаат со развојот на новиот телефон за да го претстават што е можно побрзо пред iPhone7 на Apple. Кратките рокови за производителите на компоненти, бројните прекувремени часови и непроспиени ноќи на крајот резултираа со катастрофа за Samsung кој најави повлекување на 2,5 милиони телефони кои пак ќе ги чинат помеѓу една до две милијарди долари. Досегашните купувачи на Note7 имаат можност да го...

Continue reading

Општина Охрид пред Општина Струга по бројот на активни случаи со COVID-19

Post Views: 0 Во период од 13 до 19 јуни Центарот за јавно здравје Охрид извршил 239 тестирања за присуство на COVID-19, во општина Охрид и Дебрца на 87 лица, во општина Струга и Вевчани на 103 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа на 49 лицa. Од вкупно земените материјали, 118 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 47, Дебар и Центар Жупа 49), а 121 материјал е земен при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар преку системот Мој термин (Охрид и Дебрца 65, Струга и Вевчани 56, Дебар...

Continue reading

УЈП присилно ќе наплатува за радиодифузна такса

Post Views: 0 Управата за јавни приходи објави листа на граѓани на кои им се заканува присилна наплата поради неплатени сметки за радиодифузна такса. Од 500.000 лица, колку што брои регистарот, над 85.000 се најдоа на листата, што значи дека секој шести во земјава е должник. Од УЈП ги повикуваат обврзниците наведени на листата, до 13-ти септември да ги подигнат решенијата за присилна наплата во нивните простории. По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од Листата објавена на веб страницата...

Continue reading

Franc list

Почнува Годината на Франц Лист

Post Views: 63 Одбележувањето на 200 години од раѓањето на унгарскиот композитор, пијанист и диригент Франц Лист (1811-1886) почнува утре со традиционалниот Виенски новогодишен концерт, на кој Виенската филхармонија покрај делата на семејството Штраус ќе го изведат и „Мефисто валцер“ на Лист. Годината на Лист почнува во Виена, град во кој 1823 година на само 12-годишна возраст Лист го одржа првиот голем пијанистички концерт. Тој е роден во 1811 година во малото место Рајдинг, кое тогаш припаѓаше на Унгарија, а денес на Австрија. Лист во 1823 година со своето семејство се пресели...

Continue reading

Регистрирани 805 прекршоци за неносење заштитна маска

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (20/21.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 213 лица им се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за самоизолација. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 805 прекршоци.

Continue reading

daunov sindrom

На лицата со Даунов синдром не им треба сожалување туку прифаќање од општеството

Post Views: 15 Разбирање наместо предрасуди, прифаќање наместо сожалување и создавање на заедничко општество, градење на заедничка иднина. Ова е Игор Шајноски. Тој има 27 години и нема никаков недостаток, напротив тој има нешто плус, нешто повеќе. Тој има три генетски копии на 21от хромозом, наместо вообичаените две. Со оваа генетска мутација, Игор е носител на Дауновиот синдром. Но тука завршуваат сите разлики. Игор секое утро се буди во 6 часот и 30 минути, за веќе во 7 часот да тргне од родното Радожда до Струга, за оттука да се качи на службеното комбе кое ќе го однесе во фабриката...

Continue reading

Nova Godina na Times square

Милион луѓе се очекуваат на Тајмс Сквер

Post Views: 1 Близу милион лица се очекува вечерва да присуствуваат на традиционалниот дочек на Новата година што се организира на њујоршкиот Тајмс сквер.Тоа е најголемата забава во Соединетите Американски Држави (САД), која благодарение на внимателните подготовки, е исклучително безбедна со оглед на огромниот број присутни. Она што реките туристи и жители не можат да го забележат се припадниците на полицијата и противтерористички бригади, кои будно ги набљудуваат плоштадот и околните улици.Снајперистите се поставени на околните згради, шахтите на улиците се запечатени, полицајците...

Continue reading

Во Лагадин продолжи акцијата за враќање на плажите во првобитна состојба

Post Views: 1 Концесионерите на плажите во населбата  Лагадин  вчера добија решенија за отстранување на објектите од плажите за денес.  Утрово повеќето од нив со камиони сами ја острануваа урбаната опрема, лежалки, маси, чадори, столови. Чекаа  да дојде механизацијата , која денеска привршуваше со уривањето на објектите на  плажата Горица Трета. Револтирани, не сакаа да зборуваат пред камера.  Велат  не се сите концесионери  во ист кош, некои граделе по проекти и плаќале концесии до  2018 година, се` додека имале валидни договори. Охриѓани велат  треба да се зачува еколошката  средина...

Continue reading

trudnici

Трудници, јуриш!

Post Views: 1 Непосредно пред почетокот на новата година, во шпанските болници дојде до вистинска навала на трудници кои сакаат да се породат токму на новогодишната ноќ. Голем број жени по секоја цена сакаат да се породат во петок пред полноќ за да може да добијат од владата по 2,5 илјади евра. Шпанските власти го воведоа овој бонус за бебиња во 2007 година со цел да го надмине нискиот наталитет на земјата. Сепак, оваа мерка ќе биде укината, во рамките на стратегиите за штедење во јавната потрошувачка, што стапуваат на сила во 2011 година, пренесува Би-Би-Си. Меѓутоа, идните мајки...

Continue reading

Излезноста до 13 часот во Охрид е 30,52 % – Дебрца 30,98 %

Post Views: 7 Мирно и без проблеми се одвива гласањето на сите избирачки места во Охрид. Според најновите информации од Државната изборна комисија во Охрид до 13 часот на гласање излегле вкупно 15 998 граѓани, односно 30, 52 % од пријавените гласачи. Струга – 11 479  или 18,70 % Вевчани – 1 088 или 52,46 % Дебрца – 1 347 или 30,98 % На Локалните избори за градоначалничката функција во Охрид во трка се двајца кандидати, Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ и Константин Георгиески од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.  За...

Continue reading

Атрактивната пешачка патека која води низ боровата шума на Плаошник им создава главоболки на туристичките работници

Post Views: 8   Туристичките тури кои водат низ најатрактивниот дел за разглед на стариот дел на градот им создаваат главоболки на туристичките работници. Една од нив е патеката која води кон Плаошник, Канео и Самоиловата тврдина. Патеката е небезбедна за туристички разглед, вели Љупчо Стојкоски туристички работник од Охрид. Турата оди по еден пат низ прекрасна борова шума, но патеката е земјена, не е средена, а тука сите тури ги водиме, вели Стојкоски. „На тој дел порано биле изградени импровизирани скали со дрво и издлабени во земјата. Но со тек на времето тоа е рамно, а боровите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top