Општина Охрид пред Општина Струга по бројот на активни случаи со COVID-19

Во период од 13 до 19 јуни Центарот за јавно здравје Охрид извршил 239 тестирања за присуство на COVID-19, во општина Охрид и Дебрца на 87 лица, во општина Струга и Вевчани на 103 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа на 49 лицa.

 |   | 

Во период од 13 до 19 јуни Центарот за јавно здравје Охрид извршил 239 тестирања за присуство на COVID-19, во општина Охрид и Дебрца на 87 лица, во општина Струга и Вевчани на 103 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа на 49 лицa.

Од вкупно земените материјали, 118 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 22, Струга и Вевчани 47, Дебар и Центар Жупа 49), а 121 материјал е земен при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар преку системот Мој термин (Охрид и Дебрца 65, Струга и Вевчани 56, Дебар и Центар Жупа 0). Од тестираните лица во овој период во општина Охрид лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 37 лица, од општина Струга кај 32 лица, а од општина Дебар кај 6 лица. – информира Центарот за јавно здравје.

Во Охрид има 47 пациенти се на домашно лекување, а 4 лица се хоспитализирани, во Струга 38 пациенти се на домашно лекување и 5 хоспитализирани. Активни случаи во Охрид се 77, во Струга 70, а во Дебар 11. Оздравени има 1 лице во Струга и 1 лице во Дебар. Во овој период во општина Охрид починато е 1 лице кај кое е утврдено присуство на COVID-19 и 2 лица од општина Струга.

Изминатата седмица е извршено посебно скрининг тестирање на вкупно 197 вработени во детските градинки и тоа во Охрид 50 лица, Струга 70 лица, Вевчани 8 лица и Дебар 69 лица, при што од анализираните материјали лабораториски е дијагностицирано присуство на вирусот COVID-19 само кај 2 вработени во детска градинка во Струга.
Од почетокот на епидемијата до 19 јуни 2020 лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 308 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 96 лица во општина Охрид и Дебрца, 149 лице во општина Струга и Вевчани и 63 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 17, од Струга се 54, а од Дебар и Центар Жупа се 48 пациенти. Во општина Охрид регистрирани се 2 смртни случаи кои имале позитивен тест на COVID-19, во општина Струга починати се 25 лица, а во Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица. – соопшти Центарот за јавно здравје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top