• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Атрактивната пешачка патека која води низ боровата шума на Плаошник им создава главоболки на туристичките работници

Атрактивната пешачка патека која води низ боровата шума на Плаошник им создава главоболки на туристичките работници

При обиколката на двата локалитети Плаошник и Самоиловата тврдина патеката која ги поврзува е се понебезбедна за туристите. Апелираат надлежните да преземат мерки и безбедноста  да биде на прво место.  

 |  Валентина Неловска  | 

 

Туристичките тури кои водат низ најатрактивниот дел за разглед на стариот дел на градот им создаваат главоболки на туристичките работници. Една од нив е патеката која води кон Плаошник, Канео и Самоиловата тврдина. Патеката е небезбедна за туристички разглед, вели Љупчо Стојкоски туристички работник од Охрид. Турата оди по еден пат низ прекрасна борова шума, но патеката е земјена, не е средена, а тука сите тури ги водиме, вели Стојкоски.

„На тој дел порано биле изградени импровизирани скали со дрво и издлабени во земјата. Но со тек на времето тоа е рамно, а боровите иглички го прават теренот лизгав и има голем проблем. Туристите се лизгаат и паѓаат“.

 

Туристичките водичи принудени се убавите места за разглед да ги избегнуваат, додава Стојкоски. За некои туристи оваа рута мора да се избегнува и не може да ја продолжат турата. Проблем ни е сигурноста на туристите. Таа треба да ни е на прво место и сите треба да се грижиме за тоа“, вели Стојкоски.

„Не знам кој е надлежен, но тој што е надлежен терба да води сметка за патеките да се безбедни. Така треба да е и на другите патеки“.

Туристичкиот работник Љупчо Стојкоски укажува дека и Мостот на желбите не е безбедна патека за движење на туристичките групи. Мостот кој се користи за полесен пристап за разглед на Канео е без странична ограда па, станува исто така, сериозна опасност пред се за повозрасните туристи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top