Одбележувањето на 200 години од раѓањето на унгарскиот композитор, пијанист и диригент Франц Лист (1811-1886) почнува утре со традиционалниот Виенски новогодишен концерт, на кој Виенската филхармонија покрај делата на семејството Штраус ќе го изведат и „Мефисто валцер“ на Лист.
Годината на Лист почнува во Виена, град во кој 1823 година на само 12-годишна возраст Лист го одржа првиот голем пијанистички концерт. Тој е роден во 1811 година во малото место Рајдинг, кое тогаш припаѓаше на Унгарија, а денес на Австрија.
Лист во 1823 година со своето семејство се пресели во Виена.
Унгарскиот музички гениј почина на 31 јули 1886 година во Бајројт.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град