Трудници, јуриш!

Непосредно пред почетокот на новата година, во шпанските болници дојде до вистинска навала на трудници кои сакаат да се породат токму на новогодишната ноќ.

 |  Маја Савиќ  | 
trudnici
трудници

trudniciНепосредно пред почетокот на новата година, во шпанските болници дојде до вистинска навала на трудници кои сакаат да се породат токму на новогодишната ноќ.

Голем број жени по секоја цена сакаат да се породат во петок пред полноќ за да може да добијат од владата по 2,5 илјади евра. Шпанските власти го воведоа овој бонус за бебиња во 2007 година со цел да го надмине нискиот наталитет на земјата.

Сепак, оваа мерка ќе биде укината, во рамките на стратегиите за штедење во јавната потрошувачка, што стапуваат на сила во 2011 година, пренесува Би-Би-Си.

Меѓутоа, идните мајки не се откажуваат лесно и затоа многу од нив доаѓаат во болниците ширум Шпанија тврдејќи дека имаат труднички болки и бараат царски рез пред да заврши годината.

Лекарите не се наивни, многу добро се свесни кој датум е и знаат што ги чека во текот на овој и утрешниот ден, па таквите жени по прегледот ги враќаат дома, пишува Гардијан.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top